Atmos faceware - маска за филтрирање на воздухот

Atmos Faceware на компанијата AO е маска за прочистување на воздух изработена со најнова технологија за отстранување на штетните материи од воздухот кој го дишеме, која кога ќе се појави во продажба ќе чини околу $350, а со неа ќе доаѓаат 4 дополнителни филтри.



Се работи за проѕирна маска која се става на лицето и ги покрива носот и устата, а во неа има вградено систем за вентилација кој се адаптира на дишењето на личноста која ја носи.

Маските за филтрирање на воздухот се популарни во многу делови од светот како Кина и Индија, од кои Индија има најзагаден воздух во светот. Во Кина, пак, вообичаено се носат хируршки маски со кои луѓето се обидуваат да спречат да заразат некого, а носењето на истите се смета за учтиво доколку сте болни.

Од AO тврдат дека нивната маска нуди 50 пати подобра заштита во споредба со конкуренцијата, што било заклучено со независни тестирања во технолошкиот универзитет во Оукланд. Маските прочистуваат 240 литри воздух во минута, а филтрите траат околу 1 месец, во зависност од квалитетот на воздухот. Батериите, пак, траат околу 5 часа, во зависност од капацитетот на белите дробови, физичката активност и квалитетот на воздухот кој што се дише.

Кај стандардните маски белите дробови го влечат воздухот низ филтерот на маската пред да навлезе во нив, додека пак Atmos маската тоа го прави за корисникот, преку туркање на воздухот низ филтрите со помош на вентилатори напојувани со литиум-јонската батерија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...