Апарат на LG за урбано градинарство

На CES во Лас Вегас LG претставија уред за урбано градинарство кој наликува на ладилник, а користи напредни контроли за осветлување, температура и контрола на водата, за да на консументите им овозможи самите да растат продукти во своите кујни текот на целата година.



Од LG велат дека со него ќе нудат и „сè-во-едно“ пакети, како и апликација за надгледување на растот која на корисниците ќе им помогне да култивираат разни хранливи продукти во домовите.

Со помош на флексибилни модули, уредот ќе може да ги реплицира оптималните надворешни услови со прецизно совпаѓање на температурата внатре во кабинетот со термичка изолација, со времето во денот.

LED светлата, циркулацијата на воздухот и менаџирањето на водата ќе овозможува семето бргу да се трансформира во вкусни состојки за разни рецепти, а напредниот систем е способен да содржи до 25 „сè-во-едно“ пакети, доволни за четворочлена фамилија да ужива во здравствените придобивки од готвење со домашно растени продукти.

Кличната компонента на ова автоматизирано градинарско решение е технологијата на LG за не-циркулирачко водоснабдување, со кое рамномерно се дистрибуира точната количина вода што ја бараат пакувањата со семиња. Оваа технологија го спречува растот на алгите, како и непријатните мириси, за да природните билки можат да растат во хигиенско опкружување.

„Сè-во-едно“ пакетите содржат тресет мов и ѓубриво, а иницијалните пакети ќе вклучуваат 20 различни семиња меѓу кои и разни видови на зелена салата, босилек, аругула и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...