|
|
|
Најмоќниот суперкомпјутер во светот открива потенцијални третмани за COVID-19Научниците на најмоќниот суперкомпјутер во светот му дале задача да врши илјадници симулации за да ги открие соединенијата од лековите кои би можеле да помогнат во борбата против COVID-19.

Суперкомпјутерот „Summit” кој се наоѓа во националната лабораторија Oak Ridge во Тенеси идентификувал 77 третмани со кои можеби би било возможно да се запре новиот вирус.
Ова нова студија дури би можела да помогне на истражувачите да развијат вакцина за него, но и без тоа ова е многу важен прв чекор во процесот на изнаоѓање ефективен третман.
Масивниот суперкомпјутер имал за задача да открие соединенија кои би можеле да се сврзат со “spike protein“-от односно С-протеин на вирусот, кој тој го користи за инфицирање на клетките на неговиот домаќин. Елиминирајќи ја ефективноста на овој протеин, би се спречило ширењето на вирусот.
Со помош на претходно креирани модели на spike протеинот на коронавирус, истражувачите симулирале како честичките во овој вирусен протеин би реагирале со различни соединенија од лековите. Тие на тој начин креирале листа од 77 потенцијални кандидати, која потоа била намалена на 7 кои би можеле да се искористат за експериментални истражувања за третирање на новиот вирус.
Следно, тимот истражувачи планира да направи уште една симулација користејќи исклучително прецизен модел на spike протеин на COVID-19 идентификуван во студија објавена минатата недела од друг тим истражувачи.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
И предлага мажот на жената да се избричи доле,а таа прашува: -А зошто? -Па така,малце промена,за еротика знаеш. -Ти не си нормален,па да ми се смее цело село. |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...
|
|
|
|