„Facebook“ се закани дека ќе им забрани на австралиските корисници да објавуваат вести

Американската компанија „Facebook“ најави можно спречување на објавување вести на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“ за компании и приватни лица од Австралија, доколку биде усвоен закон според кој ќе треба да им се плаќа на австралиските медиумски куќи за таа содржина.



Австралиската Влада во јули најави воведување на систем со кој ,,Facebook” и ,,Google” би плаќале еден вид авторски права на медиумите за објавените вести. Законот би требало да биде усвоен оваа година.

Кон крајот на минатата година, Владата препорача ,,Facebook” и ,,Google” доброволно да склучат договори со австралиските медиумски компании, но преговорите што следеа потоа, беа неуспешни.

Затоа, австралиското регулаторно тело за прашања околу конкуренцијата подготви нацрт-закони според коишто медиумските куќи ќе имаат право да преговараат за праведен паричен надоместок за работата на нивните новинари.

Реагирајќи на тоа, директорот на „Facebook“ за Австралија, Вил Истон изјави дека предложените закони предизвикуваат недоразбирања кои само ќе им наштетат на медиумските компании.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...