Телеком ја креираше Skopje ZOO – апликација за дигитално искуство на сите посетители во Зоолошката градина Скопје

Онлајн билети, дигитална навигација и едукација за повеќе од 500 животни

Откријте го шарениот и разновиден животински свет на Зоолошката градина – Скопје преку новата мобилна апликација Skopje ZOO, која од денеска е достапна на Play Store и App Store. Лансирањето на интерактивната апликација со која посетителите ќе добијат сосема поинакво доживување преку технологијата го означува почетокот на партнерството на Македонски Телеком и Зоолошка градина – Скопје.



Една од главните карактеристики на апликацијата е што за прв пат ќе можат да се купуваат единечни или групни билети онлајн, што во време на препорачана социјална дистанца е повеќе од посакувана опција. Skopje ZOO апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која откако ќе го изберете животното или објектот што сакате да го видите, ќе ви покаже рута како најлесно да стигнете до таму.

Апликацијата овозможува и интерактивна едукација со интересни податоци за животните.

Пред секое животно е поставена табла со QR код, кој доколку го скенирате ќе ви прикаже информации за животното пред кое се наоѓате. Повеќе од 500 животни од 83 видови се организирани според категории за да можете полесно да се снајдете и да го надополните вашето искуство како посетител.



Оваа интерактивна апликација е осмислена од вработени во Македонски Телеком за незаборавно дигитално искуство за посетителите во ЗОО Скопје. Инволвираноста и целосната посветеност на вработените во развојот на апликацијата, овозможи да создадеме интерактивна апликација која освен што е интересна за едукација на најмладите, овозможува полесно дигитално живеење и за сите останати посетители. Вработените се активно вклучени во остварување проекти и идеи каде што технологијата се користи во служба на општеството и преку оваа апликација даваат свој придонес кон креирање хумано дигитално општество.

Во иднина се очекува Skopje ZOO апликацијата да продолжи да се надградува со нови функционалности со кои корисниците би имале можност за уште многу забавни и едукативни содржини.

Преземете ја Skopje ZOO апликацијата

Апликацијата е креирана за сите посетители на Зоолошката градина Скопје, едноставна е за користење и нема потреба од креирање кориснички профил.

Достапна е во три јазични верзии, а може да се преземе бесплатно од AppStore и Google Play. Онлајн купувањето билети е достапно и преку веб на следнот линк: https://zooskopje.telekom.mk/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...