Влезете во светот на ЗОО Скопје преку екранот на вашиот смартфон!

Со Skopje ZOO апликацијата – онлајн билети, дигитална навигација и едукација

Дивиот свет на скопската зоолошка градина може да направи во еден момент да се чувствувате како да сте на сафари во Африка, а веќе во следниот да се најдете очи в очи со австралискиот брадест змеј, добивајќи впечаток дека ги посетувате бескрајните песочни пустини во Австралија. Сигурно досега сте ја запознале нашата Зоолошка градина, но со новата апликација влезот во овој прекрасен свет на животни од сите страни на Земјината топка никогаш не бил полесен и позабавен.



Мултинаменската мобилна апликација Skopje ZOO, која ја креираше Македонски Телеком е веќе во функција, а преку неа можете да уживате во едно сосема ново дигитално искуство.

Запознајте ги подобро сите видови животни – со вчитување на QR кодот поставен пред секое живеалиште. Пребарувајте текстуални или аудио содржини, првенствено наменети за најмалите што сѐ уште не знаат да читаат. Без оглед дали се наоѓате дома, на пикник, или во самата Зоолошка градина, со Skopje ZOO дивиот свет ви е на дланка.

Колку пати сте вртеле кругови за да го најдете живеалиштето на мајмуните, или фоките? Сега со дигиталната мапа целото семејство ќе може полесно да се ориентира и да ја најде оптимална рута за посета на омиленото животно.



И наместо да го поминете половина од времето резервирано за дружење со семејството во долгите редови пред билетарницата, купете билети онлајн и бидете безбедни во време кога социјалната дистанца е правило.

Преземете ја Skopje ZOO апликацијата во три јазични верзии, едноставна за користење и достапна за сите посетители:

Достапна е во три јазични верзии, а може да се преземе бесплатно од AppStore и Google Play.

Онлајн купувањето билети е достапно и преку веб на следнот линк: https://zooskopje.telekom.mk/

Дигиталното искуство со ЗОО Скопје ќе ви даде еден нов, уникатен поглед на дивиот свет кој живее таму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...