Нова технологија – опасност од лажни, монтирани разголени видеоснимки

Лос Анџелес, 26 октомври 2020 (МИА) – „Дипфејк“ технологијата, се чини, почна да ги покажува и своите темни страни, како што и многумина стравуваа… На интернет се појавија стручни лица, но и вештачка интелигенција која може да направи лажни, но совршено монтирани разголени снимки со чие било лице на нив.

Се работи за малициозна вештачка интелигенција наречена „Дипнуд“ (DeepNude).

Компанијата за дигитално разузнавање „Сензити“ објави извештај од 12 страници каде се говори за повеќе потврдени вакви случаи со видеомонтажи, како и опасноста од тоа на интернет и во интернет-подземјето да има уште десетици и стотици илјади видеа.

– Ако кога било сте објавиле своја слика на социјалните мрежи, вие сте во опасност. Дури 70 отсто од лицата (на видеомонтажите) се на „обични“ непознати жени… Лажните голи видеоснимки се генерирани со помош на приватни слики објавени на социјалните мрежи, изјави Џорџо Патрини, генерален директор на „Сензити“.

Жртвите на такви софистицирани видеофалсификати, најчесто жени, обично и не знаат за нив. „Дипнуд“ може да се користи за уцени, закани, но и едноставно – за креирање порносодржини со чие било лице, „залепено“ на нив. си/гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...