Samsung Neo QLED телевизорите добитници на првиот официјален сертификат за гејминг

Компанијата Samsung Electronics објави дека годинешната Neo QLED серија на телевизори е добитник на првиот официјален сертификат за гејминг во ТВ индустријата.

 Станува збор за Gaming TV Performance сертификатот, што го издава познатиот германски инженерски институт Verband Deutscher Elektrotechniker, а Neo QLED телевизорите заслужено се здобија со истиот, благодарение на намалувањето во доцнењето на одзивот од 10 ms, HDR технологијата, како и приказот на светлина поголема од 1000 нити.

-Сè повеќе гејмери бараат и очекуваат максимум од своите телевизори, кога се работи за големина на екранот и врвен квалитет на сликата. Тоа се некои од главните насоки при купување на нов телевизор, а Samsung го препозна истото и продолжува со развој на телевизиските иновации, кои ќе ги задоволат и најспецифичните корисници“, изјави Yonghoon Choi, потпретседател на Одделението за визуелни решенија во компанијата Samsung Electronics.

Neo QLED моделите на телевизори, кои се здобија со сертификат, се QN900, QN800, QN90 и QN85, по ригорозни тестови за перформансите и стрес-тестови на хардверот. Покрај клучните карактеристики, како намалување на доцнењето на одзивот од 10ms, поддршката за HDR и нивото на приказот на светлина над 1000 нити, Neo QLED телевизорите се одликуваат и со брзина на освежување на сликата од 120 Hz, благодарение на Motion Xcelerator Turbo+ технологијата, како и волумен на бојата од 100 нити и сооднос од 21:9, односно 32:9. Телевизорот лесно се префрла во гејминг начин на работа со помош на Game View и Game Bar опцијата, а врвниот квалитет на звукот обезбедува Object Tracking Sound+, технологија која следи движење на објекти по екранот и прецизно го репродуцира звукот за максимално реалистично чувство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...