Никола Љушев: Концептот паметен град носи заштеди на електрична енергија до 85%

Според проценката на ОН, повеќе од половина од светската популација живее во големи градови. Овој тренд, постојано расте што сите нас не става пред предизвиците како што се неекономичното трошење ресурси, климатски промени, пренаселеност.



Токму поради тоа градовите немаат друга алтернатива освен да се развиваат кон т.н. концепт на паметни градови. Паметните градови се следната фаза во урбаната еволуција, а иновативната технологија ќе биде алатка со која ќе се соочиме со овие предизвици.

Скопје станува паметен град, и за многу брзо време сите ќе ги почувствуваме придобивките.

За развојот на паметни градови потребна е врвна инфраструктура и најсовремена технологија, што е дел од стратегија на Македонски Телеком што ни овоможува да бидеме лидер на дигиталната трансформација на општеството.

Клучната технологија за креирање на паметен град е „Интернет на нештата“ (Internet of Things). Со помош на оваа технологија се создава платформа на која се поставуваат сите фукционалности и апликации за паметен град. Кога еднаш е поставена, платформата нуди бесконечно многу можности. Со надградбата на мрежите и доаѓањето на новите технологии, како што е 5G, овој потенцијал сè повеќе ќе се зголемува.

Технологијата, со која Македонски Телеком го реализира проектот е единствена не само во земјава туку и во регионот. На платформата Скопје паметен град се поставуваат: 10 000 паметни светилки и систем за паметно осветлување, 100 сензори за паметен паркинг, 10 станици за следење на квалитетот на воздух и 50 уреди за мерење на потрошувачката на вода во домаќинствата.

Македонски Телеком технички ја подготви интерактивната мобилна апликација за граѓаните „Мое Скопје“, со која понатаму ќе управува Градот Скопје

Скопје паметен град ќе донесе: 85% заштеда на електрична енергија, намалување на емисиите на CO2 во воздухот, подобра инфраструктура, побезбедни улици, поефикасно користење на ресурсите и поквалитетен живот и поздрава животна средина.

Горди сме што заедно со градот Скопје, преку овој проект ќе го зголемиме квалитетот на живот на Скопјани. Реализацијата на овој проект го позиционира Телеком не само како технолошки лидер, туку и како предводник на долгорочни општествени промени, што е наша стратешка определба. Дополнителен показател на нашата посветеност кон општествено одговорните практики е моделот на финансирање. Градот ќе го исплаќа надоместокот за оваа инвестиција во наредните три години и тоа од заштедите од електрична енергија, кои ќе ги постигне со паметното осветлување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Зошто нема жени астронаути?
- Може ли да замислиш шест жени во една соба, а да носат иста облека?

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на борба против СИДА-та
- Национален празник на Романија
1135.- Умре англискиот крал Хенри I, младиот син...
1455.- Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти,...