Промена на конфигурацијата е главниот виновник за падот на Facebook

Facebook ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се WhatsApp, Instagram и Messenger. Компанијата не наведе кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.



-Нашите инженерски тимови утврдија дека промените во конфигурацијата на главните рутери што го координираат сообраќајот на мрежата помеѓу нашите центри за податоци, предизвикаа проблеми што ја прекинаа оваа комуникација. Ова нарушување на сообраќајот во мрежата имаше каскаден ефект врз начинот на комуникација на нашите центри за податоци, доведувајќи до тоа нашите услуги да запрат, изјавија од Facebook.

Facebook и неговите апликации „WhatsApp“ и „Instagram“ се урнаа вчера попладнето, а некои корисници на „Facebook“ започнаа да добиваат делумен пристап до социјалната мрежа околу 23.45 часот. Падот на мрежата веше втор удар за гигантот на социјалните медиуми во неколку дена, откако анонимен извор во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.

Акциите на Facebook, кој има скоро две милијарди активни корисници дневно, ја загубија вредноста по извештајот на изворот и паднаа за уште 5,3 проценти по вчерашното попладневно тргување. Како резултат на падот на акциите, 37-годишниот Марк Закерберг загуби повеќе од шест милијарди долари за само неколку часа, што го намали неговото богатство на 121,6 милијарди, јави Блумберг. Неговите загуби од средината на септември до денес изнесуваат 15 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...