5G ќе ја зголеми возбудата и доживувањето на спортските натпревари

Љубителите на спортот, независно дали се наоѓаат во сала, на стадион или дома, бараат и очекуваат целосно искуство. Новите технологии го збогатуваат доживувањето на фановите, ги доближуваат до акцијата, создавајќи нови извонредни начини за прикажување на спортскиот натпревар.

Новата 5G технологија со проширената реалност (AR) и виртуелната реалност (VR) ветува целосно ново корисничко искуство во спортот - поместувајќи ги границите и носејќи ги фановите во срцето на самата игра.

Со пристигнувањето на 5G технологијата, веќе гледаме како се редефинираат ТВ преносите, искуствата на спортските терени и начините на кои се следи омилениот клуб или играч... Овие новитети се само почетокот на она што ќе следува во иднина.

Откако на ОИ 2021 во Токио за првпат беа претставени преноси во 8К резолуција, стана јасно дека започна иднината на спортските преноси. Порано, преносите во 8К резолуција беа невозможни поради недоволната брзина и стабилност на интернетот за пренос на податоците. Со доаѓањето на 5G мрежата, брзините за пренос на податоци ќе бидат околу 30% поголеми отколку со 4G, што значи дека преносите во 8К резолуција набрзо ќе станат новиот стандард! Но, ова е само еден мал дел од можностите коишто новата технологија ги носи за спортот.

Со воведувањето камери од 360 степени, навивачите можат да следат натпревар од страничната линија, да го гледаат натпреварот од перспектива на голманот или да се приклучат на прославата на победата на тимот во соблекувалната - од дома да се доближат до самата акција! 5G ќе ви овозможи и да следите дерби натпревар со вашите пријатели, иако се наоѓате на различни локации – а притоа ќе направи да се чувствувате како да сте таму, на стадионот.

А веројатно токму на стадионите и во спортските сали ќе се почувствува најголемата технолошка еволуција. 5G ќе овозможи поврзување и до 100 пати повеќе уреди во одредена област, што значи дека интернет пристапот на спортските собири ќе биде полесен и побрз, а тоа ќе им помогне не само на навивачите да останат постојано поврзани, туку и на организаторите коишто можат да бидат многу поиновативни со својот пристап кон обезбедувањето богато корисничко искуство. Присутните на стадионите во Бундеслигата или на натпреварите во американската НФЛ лига веќе можат да ја искусат проширената реалност (AR), како што беше случајот со пантерот во „мешана реалност“ претставен на стадионот на Каролина Пантерс.

До каде е Македонија со подготовките за имплементацијата на 5G?

Во Македонија, операторот Македонски Телеком е во фаза на имплементација на 5G, откако минатите три години ги заврши сите подготовки и соодветни тестирања. Досега, над 30% од мобилната мрежа на Телеком е подготвена за 5G услуги, а во најава за следната година е користење 5G услуги кај 2/3 од населението во поголемите урбани средини. Иднината на спортските натпревари е навистина блиску. 5G ќе донесе сосема ново ниво на уживање во спортот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...