Проширена реалност на 5G: Светски предизвик на Дојче Телеком за награди до 600.000 евра

Дојче Телеком и T-Mobile U.S. организираат Т- Предизвик за креативните умови ширум светот со единствена цел да се искористат функционалностите на Проширената реалност (ПР) и водечките 5G мрежи на Телеком за подобри и иновативни кориснички искуства.

Заинтересираните треба да ги достават своите идеи за примената на Проширената реалност во продажните места или во домовите на корисниците.

Т-Предизвикот е поделен на два формати:

1. Развој на решенија:

Во овој дел кандидатите треба да развијат иновативни решенија во форма на „минимално остварлив производ“.

2. Создавање концепт и дизајн:

Во овој дел потребни се визуелни и функционални прототипови ориентирани кон иднината коишто го подобруваат корисничкото искуство со помош на ПР.

Изложување во одбрани продажни места и привлечни парични награди

Покрај привлечната парична награда за првопласираните во износ од 150.000 евра (Развој на решенија) и 75.000 евра (Создавање концепт и дизајн), учесниците ќе добијат и уште еден привлечен бонус: избраните победнички решенија ќе бидат изложени во избрани продажни места на Телеком во Германија, Европа и САД.

Заинтересираните за учество можат да се пријават до 31 јануари 2022 година на www.telekom-challenge.com, каде што ќе можат да ги најдат и сите потребни информации и детали, или на електронската пошта за контакт: challenge@telekom.de. Ќе бидат избрани по десет финалисти од кандидатите коишто се пријавиле за секоја од двете задачи.

Дваесетте финалисти ќе имаат време од март до крајот на мај да ги доработат своите идеи. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 15 јуни 2022 година. Финалистите ќе бидат поканети во Бон и ќе имаат можност да ги претстават своите решенија пред највисокото раководство. Патните трошоци ќе бидат покриени.

„Водечката 5G мрежа на ДТ со ултра капацитет е совршена платформа за да се искуси Проширената реалност, којашто ни помага полесно да се поврземе со производите и информациите. Од друга страна, малопродажбата е област којашто е зрела за коренити промени, па токму затоа ова претставува огромна можност за ангажирање на корисниците на нови начини. Купувањето во виртуелни продавници од удобноста на домот и проучувањето на производите во 3D се само почеток на патот по кој чекори телекомуникациската индустрија.

Повеќе информации на: www.telekom-challenge.com



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...