Македонски Телеком прославува 100 000 корисници на оптика

Поголеми брзини без дополнителен надомест

Македонски Телеком прославува 100 000 корисници на оптика коишто, по тој повод, ќе можат да активираат поголеми оптички брзини без дополнителен надомест.

 

Приватните корисници ќе можат да ги активираат следните брзини во зависност од интернет пакетот: корисниците на интернет пакетот S, наместо 20 Mbps ќе добијат брзина од 60 Mbps, оние на M наместо 60 Mbps ќе добијат 100 Mbps, додека оние на L наместо 100 Mbps ќе добијат 300 Mbps, а на XL наместо 300 Mbps, 1GB.

Активирањето на зголемените брзини е достапно преку апликацијата TelekomMK во периодот од 15 март до 13 април 2023 година и важи за сите активни корисници на оптички интернет од портфолијата Magenta 1, Internet & TV и Internet.

Македонски Телеком ја има најголемата оптичка мрежа во Македонија и продолжува со нејзино интензивно ширење за да можат да ја користат што поголем број корисници. Оваа технологија е неопходна за да се постигнат гигабитни брзини и напредни комуникациски услуги и решенија. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...