Намалување на надоместоците за роаминг на податочни услуги помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата е еден од 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан кои се согласија да овозможат поевтин роаминг за податочни услуги помеѓу Западен Балкан и ЕУ за граѓаните и бизнисите од двата региона.



Со оваа доброволна спогодба, операторите се обврзаа значително да го намалат јазот помеѓу надоместоците за роаминг и домашните надоместоци меѓу ЕУ и Западен Балкан (во обете насоки). Следниве максимални нивоа на малопродажни цени („price caps“) за 1 гигабајт ќе важат во периодот од октомври 2023 година до 2028 година: 18 евра од 1 октомври 2023 година, 14 евра од 2026 година и 9 евра од 2028 година.

Воведувањето на ограничувањата на малопродажната цена се очекува да доведе до значително намалување на цените за роаминг за податочни услуги за корисниците коишто патуваат меѓу ЕУ и Западен Балкан за најмалку една третина од сегашните просечни цени на роаминг за податочни услуги. Операторите во моментов работат на имплементацијата на производите со цени под договорените ограничувања на малопродажната цена коишто ќе им бидат достапни на колку што е можно поголем број корисници. Ова има за цел да ги зајакне врските меѓу двата региона така што ќе ги поттикнува и поедностави деловните, културните, туристичките и другите размени.

Оваа декларација е резултат на одлучувачкиот ангажман на телекомуникациските оператори на ЕУ и Западен Балкан, олеснувањето и поддршката на Советот за регионална соработка и Европската комисија, како и заложбите на властите во регионот. На иницијативата се поканети да се приклучат и други телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак?
- Ќути сине и пукај!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
На 28.03.2025 година во 05:00 часот до 07:00 часот на патот кон Р.Косово на околу 4км пред вториот кружен тек ќе се изврши подигнување на превртен камион со полуприколка, по што...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...