Samsung Galaxy AI пристигна во Македонија

Официјалниот почеток на продажбата на долгоочекуваната серија паметни телефони Samsung Galaxy S24  засилени со вештачка интелигенција (AI) конечно е тука.

Компанијата Samsung ги претстави паметните телефони Samsung Galaxy S24+ и Galaxy S24 и Galaxy S24 Ultra на промоцијата што се одржа во скопскиот ресторан „Ботаника“, каде преку трите поставени зони посетителите одблизу можеа да се запознаат со иновативните фукции кои ги нуди новата Galaxy S24 серија.

-Првата фаза беше пристигнувањето на интернетот на телефоните, втората фаза беше инсталирањето на врвните системи за камери, а Samsung Galaxy S24 ја започнува третата фаза, која е фаза на вештачка интелигенција на мобилните телефони, истакна Марјан Блажески, раководител на секторот за мобилна комуникација.

Galaxy AI несомнено ќе го трансформира начинот на кој комуницираме, создаваме и го откриваме светот. Новата Galaxy S24 серија нуди ново ниво на пребарување преку функцијата Пребарување со заокружување со Google (Circle to Search with Google).

За пораки и други апликации, функцијата Помош за разговор (Chat Assist) може да помогне да се подобри тонот на разговорот за да се осигура дека комуникацијата звучи онака како што е наменета.

Алатката Помош за белешки (Note Assist) помага во тоа брзо да ги запишете и споделите вашите мисли, додека алатката Помош за транскрипција (Transscript Assist) го олеснува пренесувањето говор во текст и ви помага да останете организирани без напор.



Новиот пакет алатки за камера ProVisual Engine, засилени со вештачка интелигенција, ја максимизира креативната слобода, од фотографирање со нови можности за зумирање до уредување со генеративна вештачка интелигенција.

Samsung воедно ја продолжува својата посветеност на продолжување на животниот циклус на производот, нудејќи до седум години надградби на оперативниот систем и безбедносни ажурирања.


Samsung S24 Ultra from Nadalina V on Vimeo.


Новата серија Galaxy S24 е достапна во малопродажба од денес, 31 јануари 2024 година. Galaxy S24 Ultra е достапен во титаниум црна, титаниум сива, титаниум виолетова и титаниум жолта боја, додека моделите Galaxy S24+ и Galaxy S24 се достапни во оникс црна, мермерно сива, кобалт виолетова и килибарна жолта.

Одберете го посакуваниот модел од Samsung S24 серијата преку Македонски Телеком и уживајте во сите можности кои ги нуди вештачката интелигенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...