Magenta TV- нова генерација дигитална телевизија од Македонски Телеком

Секогаш, секаде и на сите екрани: ТВ, смартфон, таблет или лаптоп

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди едно сосема ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците. Новата телевизија е достапна секогаш и секаде и на сите екрани, со слика и звук со висок квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации од Google Play Store, ТВ-тека, видеотека, видео клуб, снимање, паузирање, премотување и многу други напредни опции.



-MagentaTV не е само ново име, туку еволуција во телевизијата, којашто е одговор на новото дигитално време и на новите интереси на корисниците. Ние ја почнавме приказната за интерактивна телевизија уште во 2008 година и постојано воведувавме нови функционалности, со кои низ годините ја редефиниравме класичната телевизија. Но, MagentaTV е многу повеќе од нова функционалност; тоа е една сосема нова приказна, каде на едно место имате пристап до голем број апликации, а омилените содржини можете да ги гледате каде сакате, кога сакате и на кој уред сакате, истакна Емилија Андоновска, Главен директор за приватни корисници.

Секој телевизор станува паметен

MagentaTV e најмодерно технолошко решение базирано на cloud, со нов уред (MagentaTV Box) и Bluetooth далечински управувач со говорни команди. Со MagentaTV секој телевизор станува паметен преку огромен број апликации достапни на Google Play Store, но и преку однапред инсталирани апликации како: YouTube, HBO Max, GLEY. Дополнително, постои можност за гласовно пребарување низ содржините со помош на Google Assistant. На овој начин сите ТВ содржини и стриминг сервиси се на едно место, достапни преку модерен интерфејс.

Секогаш секаде и на сите екрани

Омилените содржини може да се следат каде и да сте: на компјутер и лаптоп или на смартфон и таблет во движење, преку апликацијата MagentaTV Go. Дополнително, можете да почнете да гледате на еден уред, потоа да паузирате и да продолжите истата содржина да ја гледате на друг уред. На овој начин омилените ТВ содржини не се резервирани само за дневната соба, туку можете да ги следите каде и кога ви одговара.

Одржливо решение за заштита на животната средина

MagentaTV Box е изработен од рециклирана и био-разградлива пластика со пакување од разградливи природни материјали што придонесува за заштита на животната средина. Тој ја носи ознаката Green Magenta, којашто се користи во Групацијата Дојче Телеком за продукти и иницијативи коишто носат позитивна промена за намалување на климатските промени и одговорно користење на ресурсите.

MagentaTV е дел од новото Magenta 1 портфолио во коешто ќе бидат вклучени и неограничен 5G мобилен интернет, роаминг интернет, зголемени оптички брзини и многу други новитети.

Повеќе информации на https://www.telekom.mk/magentatv.nspx



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...