Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком е првиот оператор во Македонија којшто ќе ја деактивира старата 3G технологија како дел од стратегијата за креирање супериорна мрежа, најдобро корисничко искуство и дигитална трансформација. Одлуката е во согласност со светските трендови во индустријата, а целта на овој чекор е целосен фокус на развојот и ширењето на новите технологии. Во исто време, овој чекор е и одличен показател за степенот на развиеност, доверливост и супериорност на 4G и 5G мрежата на Македонски Телеком.



3G за прв пат кај нас беше воведена во 2009 година и го отвори патот кон интернет ерата. Иако некогаш револуционерна, оваа технологија е одамна надмината. Со нејзиното гасење ќе се ослободат фреквенции, ресурси и инвестиции коишто ќе бидат целосно насочени кон развој на 4G и 5G технологиите.

„Гасењето на 3G не е само замена на застарената технологија, туку и ветување за супериорно корисничко искуство. 3G заминува во историјата, а ние целосно ќе го искористиме потенцијалот на новите далеку понапредни технологии како што се 4G и 5G за подобра поврзаност, поголеми брзини и поквалитетна услуга за корисниците, изјави Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ во Македонски Телеком.

Активностите ќе се одвиваат постепено, по региони, за да се обезбеди транзиција без прекини во комуникациските услуги. До крајот на април 2024 година, 3G ќе биде целосно надвор од употреба на целата територија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...