Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија со должина од еден километар, под површината на Дебарско Езеро. Ова е пионерски чекор во развојот на телекомуникациската инфраструктура во земјата и ќе овозможи подобра поврзаност и поквалитетна услуга за корисниците.



„Изградбата на најдобрата мрежа е наш приоритет. Инвестираме во најсовремените технологии и постојано наоѓаме нови и алтернативни начини за ширење на оптичката мрежа. Со поставувањето на овој подводен оптички кабел, ја потврдуваме нашата посветеност да обезбедуваме најквалитетна и најсигурна услуга за нашите корисници и да бидеме чекор пред предизвиците на иднината.“ - изјави Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком.

Со овој чекор се зајакнува постоечката мрежна инфраструктура и се отвораат можности за поврзување повеќе базни станици и приклучоци на оптика во Дебарскиот регион, односно населените места Папрадник, Новак, Нерези и Јабланица.



Овој подводен оптички кабел со должина од 1 км обезбедува подобра мрежна стабилност на територија од 6,32 км2 во тој регион.

Подводниот оптички кабел беше поставен во контролирана подводна траса, без копање и измени на околината, а процесот беше завршен брзо и ефикасно, во текот на еден ден, зачувувајќи ја притоа природната убавина на регионот.

Нашите тимови го поставија кабелот со поддршка на специјална нуркачка екипа од Грција, со искуство во поставување подводни кабли за телекомуникациски услуги во рамките на Дојче Телеком.

Овој проект, во кој се користат алтернативни начини за ширење и зајакнување на оптичката инфраструктура, дополнително ја зацврстува позицијата на Македонски Телеком како лидер во примената на нови технологии за најдобри телекомуникациски услуги во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто некои мажи сакаат да присуствуваат на пороѓајот на својата жена ?

За да надоместат што не биле присутни при зачнувањето !!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...