Софтверскиот гигант Microsoft му постави ултиматум на управниот одбор на Yahoo во рок од три недели да постигнат задоволувачки договор, во спротивно директно ќе се обратат до акционерите, се вели во писмото испратено од компанијата Бил Гејтс.
Во дописот, Microsoft се заканува со непријателско преземање на компанијата, потег кој ги изненади претставниците на ИТ круговите. Заканите следат откако Yahoo во февруари ја одби понудата на Microsoft со зборовите „понудата ја потценува вистинската вредност на компанијата“, одговор веројатно кој ги разбесни челните лица во Microsoft.
Според одредени аналитичари, ваквиот пристап може дополнително да му наштети на Microsoft, особено ако се земе предвид дека од почетокот на самиот процес вредноста на акциите на компанијата изгубија 10 отсто од својата вредност. Се предвидува дека ваквата отворена војна, во која со сигурност не може да се предвиди победникот, може да трае неколку години.
(Д.Т)