Microsoft ја повлече понудата за Yahoo!

Напорните убедувања од страна на Microsoft, како и одбивањето на новата викенд понуда од 47,5 милијарди долари од страна на Yahoo!, кулминираа во завршница каде познатиот производител на софтвер се откажа од купопродажбата на интернет пионерот.

Во писмото од Балмер (CEO на Microsoft) до Јанг (CEO на Yahoo!) пишува дека Microsoft се откажува и од намерата за превземање на компанијата на непријателски начин поради информациите дека Yahoo! ќе превземе чекори кои ќе направат аквизицијата да биде многу непожелна.

Со писмото завршува желбата за создавање на мега-големото спојување на фирмите во позната компанија на која  новинарите и дадоа име Microhoo!.

Имено, Microsoft понуди цена од 28,4 долари по акција кога таа чинеше само 19,18 долари на берзата.

Минатата недела, берзанската цена се покачи на 28,67 долари. Тоа изгледа беше стимул за одбивањето на понудата и барање на нова цена од страна на одборот на директори на Yahoo! од 35 долари по акција која Microsoft нема желба да ја исплати.

Стејкхолдерите на интернет пионерот се разочарани, сметајќи дека компанијата не води грижа за нив.

Аналитичарите на ситуацијата сметаат дека Балмер сега ќе ги инвестира парите наменети за купување на Yahoo! во изнаоѓање на нови зделки со другите големи Интернет компании како AOL, MySpace, Facebook или LinkedIn.

(Б.Т)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...