Генерално чистење на компјутер

Прашината и нечистотијата може да предизвикаат дефект кај компјутерот или на некој негов дел, па затоа паметно е еднаш во неколку месеци да направите негово генерално чистење.

Ако спаѓате во оние несреќници на кои веќе извесно време им „трокира“ компјутерот, сте го ресетирале, преинсталирале повеќе пати, можно е проблемот да е во тоа што вашиот компјутер буквално се гуши во прашина. Компјутерот поради системот за ладење и електрицитет привлекува прашина. Еве неколку корисни совети како да го зачистите, без да го носите на сервис, и секако  без да го оштетите.

1. Исклучете ги периферните уреди

Најважно е прво да го исклучите компјутерот, а потоа  и периферните уреди: монитор, тастатура, глушец и останатите уреди. Ова е особено важно за да ја исклучиле секоја можност од евентуално расипување на компјутерот.

2. Со вода до сјаен монитор

Повеќето корисници денеска имаат LCD монитори, кои ни на сон не смеете да ги чистите со средства за перење стакла, ниту пак со било какви други агресивни средства (за миење на прозори, на пример).

Најдобро купете марамчиња за таа намена или некои специјално средство за чистење на ЛЦД монитор.

Доколку во моментов ги немате наведените средства или немате пари да ги купите, за почеток можете да се послужите со малку вода. Средството нанесете го на чиста памучна крпа со која ќе го бришете екранот. Пластиката на мониторот можете да ја исчистите и со влажна крпа или со специјално средтсво.

3. Чистење на тастатура

Свртете ја тастатурата наопаку и благо протресете ја со цел да испаднат трошките и другата насобрана нечистотија која се заглавила меѓу копчињата. За извлекување на најотпорната прашина одличен избор се алатите со шишенцата со компресиран воздух. Копчињата на тастатурата ви препорачуваме да ги избришете со влажна памучна крпа или со крпа натопена во средство за чистење пластика.

4. За глушецот повторно да светне

Кога чистите некој од модерните глувци, важно е добро да го исчистите покривачот на оптичкиот сензор, бидејќи таму се собира намногу прашина, која директно влијае на функционалноста на глушецот. Оние кои имаат стари глувци со топчиња ќе мора да ги отворат и да го извадат топчето за да ги исчистат. Добар алат за ова се стапчињата за уши или чепкалките.

5. Правосмукалка за куќиште

Најосетлив дел од целата работа е чистењето на внатрешноста на куќиштето. Отворете го куќиштето и соберете ја прашината со мини-правосмукалката за кујнски трошки. После тоа со компресиран воздух исфрлете ја прашината од потешко достапните места.

Во случај да има премногу нечистотија, повторете го чекорот со минијатурната правосмукалка. Особено е важно да ги исчистите вентилаторите. Направете го тоа со компресираниот воздух, бидејќи не смеат да престанат да работат, а на нив најмногу се собира прашина.

(Д.Т)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...