Зошта па ние да користиме Google+?

Главните „фаци“ во Google не ја користат сопствената друштвена мрежа. Ако тоа за нив е глупост, зошто пак мислат дека тоа на нас ни е интересно?

Силната поддршка од управата е од клучно значење за успехот на новиот производ, вели искуството. Ако компанијата која го пласира производот не покажува заинтересираност за него или пак не му верува, зошто тогаш да го користи некој друг?

Тоа е прашањето кое го наметна редакцијата на CNet, откако наиде на откритието на Мајкл ДеГуст, кој се потрудил да преброи колку директори на Google објавува постови на сервисот Google+, откако пред три месеца е покренат.

Тој открил дека главниот извршен директор Лери Пејџ е еден од поактивните со вкупно седум објави.

Не звучи многу, но тоа е седум пати повеќе од осум негови директори.

Лери Пејџ - седум постови во три месеца

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коосновачот на Google, Сергеј Брин објавил 15 постови, а најмногу (повеќе од 150) пуштил Вик Кундотра, на кој тоа и му е работата.

Ерик Шмидт и шефот на правниот одел Дејвид Друмонд, изгледа, воопшто немаат отворено кориснички профили.

Секако, можно е сите тие да објавуваат нешто само за својот круг на пријатели и соработници. Но, не ли би било во интерес на компанијата и на нив самите да покажат макар и малку интерес за сопствениот производ?

Како што тоа, да речеме, го прави шефот на Facebook, Марк Цукенберг, кој неодамна изјави дека на неговата друштвена страница виси по цел ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...