Поголем број комапнии од дигиталната индустрија, меѓу кои Google, Facebook и Twitter и Ebay се здружија со цел да побараат од американските парламентарци да не гласаат за предлог законот против „онлајн“ пиратерија СОПА (Stop Online Piracy Act), објави францускиот весник „Монд“.
Новиот предлог закон против „онлајн“ пиратерија ќе овозможи директно блокирање на Интернет страници за кои постои сомнеж дека овозможуваат Интернет пиратерија.
Компаниите заеднички финансираа објавување реклама на цела страна од весникот „Њујорк тајмс“ на која се бара повлекување на нацрт законот против „онлајн“ пиратерија.
Според компаниите новиот закон ќе го загрози слободното функционирање на Интернетот и дека ќе претставува кочница за новитетите.