ACTA

За ова Гебелс е мало дете

ACTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) гледано површно претставува само уште еден меѓународен договор кој предлага меѓународни стандарди за заштита на интелектуалната сопственост. Ах, да беше само тоа...

Anti-Counterfeiting Trade Agreemen во превод би било Трговски договор против фалсификувањето и како таков би требало едногласно да биде поздравен од сите оние кои нешто творат и создаваат, кои трошат знаење, средства и време и не сакат некој утре тоа да го украде, фалсификува и прогласи за свое. Преговорите за овој договор започнаа уште во 2006 година помеѓу САД и Јапонија, а во 2007 им се приклучија и Европската унија и Швајцарија. Нешто подоцна пристапија и Австралија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Мексико, Мароко, Јордан, Сингапур, Канада и Обединетите арапски емирати. Со тоа се создаде глобален конзорциум составен од едни од најмоќните држави во светот кои беа решени да стават крај на фалсификувањето и злоупотребата на интелектуалната сопственост.

Но дека не е нешто во ред се гледаше уште од почеток, Досега во историјата на меѓународните трговски договори не постои друг за кој се преговарало во толкава тајност. Наместо да се оди како претходно преку меѓународните организации креирани за таа намена (како Светската трговска организација на пример), државите кои го креираа тоа го правеа зад грбот на сите, а деталите и покрај сите притисоци и ангажмани на поединци и организации од цел свет, се уште не се познати. Кога конечно се објави текстот на договорот, се виде и зошто.

Доколку се донесе ACTA во овој формат, можеме да заборавиме на интернетот кој што го знаеме, да заборавиме на слободата на изразување и размена на идеи и документи, да заборавиме на можноста да сурфаме без да бидеме мониторирани и да патуваме без да ни биде темелно прегледан лаптопот и сите електронски уреди. Звучи страшно? Епа и пострашно е од што звучи. Нема да навлегуваме во детали, само ќе споделиме неколку реални примери во врска со тоа што ќе се случува и како ќе изгледа светот со ACTA во сила.

Членот 27 од ACTA вели дека се забранува секоја широкопојасана дистрибуција на материјали заштитени со закон за авторски права и секоја таква акција ќе се санкционира. Според David Meyer, автор на текстови во светски познатиот ИТ портал ZDNet кој што го следи развојот и настаните поврзани со овој договор, под широкопојасна дистрибуција единствено може да се препознае само интернет, бидејќи тоа е и дефиниција за него. Ако си помисливте, па добро, јас не преземам филмови и музика од торент, не сум „пират“ мене тоа не ме засега, еве неколку примери како сите ќе станеме „тешки криминалци на интернет“. Сурфате и гледате некоја многу смешна слика и инстинктивно ја поставувате на вашиот Facebook профил со коментар. Еве ви казна затоа што вие немате право да дистрибуирате туѓо дело без лиценца или согласност на авторот. Одиме понатаму, сте купиле најновиот албум од вашиот омилен пејач (внимавајте, сте го купиле, не сте го симнале од торент) и една песна и праќате на девојка ви (дечко ви) преку Skype. Стоп, не може забрането е. Сакате уште поекстремно? Купувате е-книга која што сакате да ја подарите на некој ваш близок. Доколку во нарачката не сте нагласиле дека се работи за подарок со детали за тоа на кој се подарува вие законски (според ACTA) не смеете да ја дистрибуирате и делите таа книга. И уште милион други примери. А бидејќи се работи за закон кој не е наменет исклучиво за интернет, тогаш неговата примена може да стане широка и да се применува во целокупниот живот. Во видеото кое го објавија Anonymous во кое тие ја објаснуваат ACTA е даден можеби најдобриот пример за тоа колку бесмислен и истовремено ригорозен може да биде овој договор. Сценариото е следно – вие сте на курс за готвење и сте научиле како да зготвите неверојатно добро пилешко месо. Го изненадувате партнерот со вкусна вечера, тој/таа е воодушевен и ви ја бара рецептата. Внимавајте! Не смеете да ја споделите бидејќи тој или таа не платиле за да бидат на курсот, па следствено со тоа „немаат лиценца“ да ја поседуваат и користат таа рецепта. Звучи глупаво и апсурдно? Епа можеби затоа што е така.



За слободата на интернетот и изразувањето исто така важен е и Член 8 од овој договор. Со него седава право на државите да воведат цензура, односно го обврзува да ги пронаоѓаат и исклучуваат страниците на кои има и траг до некоја заштитена содржина (линк до истата која е хостирана на трето место). Тоа е можно само преку постојано мониторирање и следење на активностите на сите страници, а единствени опремени за тоа би биле интернет провајдерите кои ако се донесе ACTA ќе треба да се претворат во дежурни полицајци и постојано да скенираат страни, да следат комуникации и да пријавуваат ако наидат на некое прекршување. Потоа, не само оној кој го направил тоа , туку и сопственикот на страната на која е вршена „оваа илигална активност“ ќе бидат санкционирани парично, апа дури се споменуваат и затворски казни. Замислете што ќе значи тоа за YouTube, Facebook но и за вашиот форум каде што во име на слобода на говорот сте дозволиле корисниците да поставуваат и линкови. Зарем може некој да ги следи проверува и на време отстранува сите тие работи?

Последна препрека која може да го запре појавувањето и стапувањето на сила на ACTA е Европскиот парламент кој ратификацијата ќе ја гласа во јуни оваа година. Токму затоа голем број луѓе излегоа насекаде во Европа да протестираат и да извршат притисок врз европските пратеници кои тие ги избрале да се спротивстават на ратификацијата на овој договор и да ја оневозможат неговата примена. Најмногубројни беа демонстрантите во Германија каде што вкупно излегле 41.000 луѓе од кои дел ги носеа познатите маски на Anonymous.И тоа почна да вродува со плод. Во полскиот парламент група пратеници се појавија со овие маски на лице, со тоа испраќајќи силна порака до нивните колеги во Европскиот парламент. Голема победа беше извојувана кога официјалниот известувач за ACTA на Европскиот парламент Кадер Ариф, после церемонијата во Токио на која голем дел од европските држави го потпишаа пристапувањето кон овој договор, поднесе оставка на функцијата поради „недостаток на учество на цивилниот сектор во дефинирањето на овој договор, нетранспарентност од самиот почеток и неприфаќање на предлозите на Европскиот парламент“.

Време за чекање нема. Европа е мобилизирана и притисокот врз оние што ќе одлучуваат само ќе се зголемува. Пример треба да бидат жителите на САД кои се изборија за недонесување на слични закони SOPA и PIPA кои споредени со ACTA се „мачкина кашлица“. Истовремено , пратениците треба да знаат дека со позитивно гласање за ACTA ќе придонесат кон згаснување на интернетот каков што го знаеме и негово претворање во строго контролиран и цензуриран медиум кој ќе пласира само проверени информации и податоци.

А тогаш, само Бог нека ни е на помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1529.- Османлиската војска под команда на...
1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет...
1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски...
1927.- Во Дојран е роден Христо...