Наскоро ќе гледаме преку ѕид

Најновото истражување на Универзитетот Тексас во Далас ќе ни овозможи наскоро да можеме да гледаме преку ѕид со помош на мобилен телефон.

Тимот од Тексас кој го предводи професорот за електроника Kent O, дошол до две значајни откритија кои би можеле да ја отворат вратата кон нова технологија.



Прво е неискористениот распон во електромагнетскиот спектар, а второто е нов вид на микрочип. Електромагнетскиот спектар се состои од бранови должини на енергија и ги мери сите фреквенции на светлината. Истражувањето на доктор О е засновано на терахерцна фреквенција која досега не беше достапна за потрошувачките уреди. Терахерцниот опсег се наоѓа помеѓу микробрановите и инфрацрвените бранови и им овозможува на уредите да „продрат“ низ објектите слично како рендгенските бранови. Кога тие сигнали со терахерцни бранови патуваат од вашиот телефон дел се враќа назад, а сензорот во чипот ги фаќа и од нив создава слика.

Чиповите ќе бидат произведени со помош на евтина CMOS технологија (Complementary Metal–Oxide–Semiconductor). Ако овие сигнали можат да создадат слика со мали леќи, што ќе биде случај со оваа технологија, тоа значи помалку пари за леќи и помала камера.


„Комбинацијата на CMOS и терахерци значи дека ќе можете да ставите чип и приемник на позадината на мобилниот телефон и да го направите во џебен уред со кој можете да гледате низ објекти“, вели др.О.

Оваа технологија би можела да се користи за многу позначајни работи од гледање преку ѕидови. На пример во медицината би можела да го замени рендгенот, а во бизнис светот да ги детектира фалсификуваните пари.

И за сите оние кои се грижат да не бидат шпионирани, научниците оваа технологија ја направија со можност да се гледа на само 10 см оддалеченост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...