Стоп за online предаторите

Студентите од Универзитетот Бен-Гурион од Негев развија ново решение за приватноста на Facebook. Станува збор за социјалниот чувар на приватноста (The Social Privacy Protector - SPP) кој на родителите им помага да ги прилагодат профилите на своите деца со еден клик, да ги спречат криминалците кои собираат лични информации, а и ги чува тинејџерите од педофилите.



SPP апликацијата се состои од повеќе нивоа на заштита, но најважната компонента ја проверува листата на пријатели на корисникот и во неколку секунди препознава кои од нив имаат многу малку или пак нема ниту еден заеднички линк и можат да бидат лажни профили. Апликацијата го анализира секој пријател и ја проценува поврзаноста со него. Ги означува оние кои се најмалку поврзани како сомнителни и прашува дали пристапот до тој корисник треба да е ограничен и тоа без да биде избришан од листата на пријатели.

-Важна одлика на оваа апликација е можноста родителите подобро да ја заштитат приватноста на своите деца со само еден клик наместо да го нагодуваат Facebook со комплицираните поставки за приватност, објаснува Мајкл Фире кој е докторски кандидат на BGU-виот Отсек за инженерство на информациските системи.



-Додека Facebook не поттикнува на поврзување со колку што е можно повеќе луѓе, ние советуваме ограничување на корисниците и на тој начин за прв пат одредивме алгоритам со кој научно се одредува кого треба да го отстраниме од листата на пријатели. Предаторите се охрабруваат со додавање на било кој и на фактот дека Facebook им е дозволен на тинејџерите, па веруваме дека нашето решение може да ја понуди потребната заштита за сите корисници, додава Фире.

SPP исто така ги известува корисниците за апликациите кои се инсталирани на нивните профили, а кои им ја нарушуваат нивната приватност. И една од најважните информации за овој софтвер е тоа што тој е бесплатен и е достапен како Facebook апликација за сите пребарувачи и како додаток за Firefox а можете да го пронајдете на следниот линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...