Facebook во САД започна да ја тестира опцијата промотивна објава – корисниците ќе можат да платат одреден износ со цел нивната објава да биде видлива на поголем број на корисници.
По излегувањето на берзата, Facebook започна да бара начини за додатна заработка, тие во прв план се ориентираа на мобилниот пазар, но потоа пронајдоа и уште еден начин за заработка од корисниците на социјалната мрежа. Со опцијата за наплата на некој ваш пост или фотографија корисниците ќе можат да се промовираат на поголем број пријатели. Оваа опција „Promote“ се наоѓа покрај опцијата Like.
Се уште не е официјално објавено колку ќе чини промоцијата на вашите објави, но американските корисници велат дека забележале цифра од седум долари за секоја објава што сакаат да ја промовираат.