Кина, Индија и Facebook повеќе од милијарда

За само осум години постоење најголемата социјална мрежа на светот достигна една седмина од светската популација по бројот на активни месечни корисници.

Оваа информација ја објави основачот на Facebook Марк Зукерберг, кој гостуваше во една американска телевизија.

Милијарда корисници се одговорни за 1,13 трилиони лајкови, 219 милијарди фотографии и 17 милијарди логирања на локации како и 140,3 милијарди прифатени пријателства, пренесува BBC, а има 600 милиони пристапи на Facebook со помош на преносните уреди што е за 48 милиони повеќе него лани ова време.

Во Африка се шири со помош на проектот “Facebook за секој мобилен“, кој цели на корисниците на едноставните (старите) мобилни телефони, со надеж дека со време ќе се успее да се искористи приликата за монетаризација која доаѓа со големата корисничка база.

Сепак, клучни се големите пазари како Кина и Русија кои Зукерберг и неговата компанија сеуште не успеале да ги освојат. Во Русија на пример, тамошната социјална мрежа VKontakte има 300 милиони корисници а Facebook само 7.

Исто така, се среќава со предизвик како најдобро да се искористи огромната количина на податоци со која корисниците располагаат. Тоа е потенцијален златен рудник но може да биде и минско поле, затоа што користењето на тие податоци навлегува во приватноста и често ги надминува границите на дозволеното.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...