Ги чита ли Microsoft нашите разговори на Skype или само ги чува корисниците од спам и малициозни URL-ви? Ова прашање се наметнува откако порталот H Security доби пријава од еден свој член кој забележал дека сите HTTPS URL-ви испратени преку Skype се посетени од IP адресата на Microsoft.

Тимот на H Security го провери ова тврдење со испраќање на два пробни HTTPS URL, еден кој содржел логин информации и втор за приватен сервис за размена на датотеки.
Неколку часа потоа, забележано е дека секој од URL-та кој е испратен преку Skype порака посетен е од IP адреса во Редмонд. Серверите чии логови се прегледани, членовите на H Security забележале дека се посетени од IP адресата 65.52.100.214 која му припаѓа на Microsoft.
Двата URL кои ги тестираше H Security воделе до енкриптирани веб страни кои често содржат единствени податоци за сесија или други доверливи податоци, а интересно е дека до HTTP URL не им е пристапено.
Посетувајќи ги овие страни, Microsoft користел и логин податоци, како и посебно креиран URL за сервис за размена на датотеки.

На некои од овие обвинувања Microsoft одговорил дека не станува збор за шпионирање на корисниците на Skype туку за скенирање на URL-та за да се откријат малициозните и останатите штетни линкови.
Таквата можност образложена е и во документ за политиката на заштита на податоците на Skype каде пишува “Skype може да користи автоматско скенирање во Instant Messages и SMS пораки за да ги идентификува сомнителните спам URL-a и/или да ги идентификува URL-та кои порано веќе биле означени како спам, изама или phishing линкови“.
H Security не е премногу разуверен во аргументите на компанијата, бидејќи, како што велат спам и phishing сајтовите не се наоѓаат на HTTPS страните, додека од друга страна HTTP URL-те кои можат да бидат во служба на спам или phishing, практично остануваат непроверени.
Во секој случај ова е уште едно предупредување да внимавате како се служите со online комуникацијата.