ВИДЕО: Претставена револуцијата за новиот изглед на iPhone

Apple синоќа ги претстави новите верзии на оперативниот систем за мобилни уреди и компјутери, новиот лаптоп MacBook Air и фантастично дизајнираниот Mac Pro.

Повеќето гласини кои кружеа деновиве пред годинешната конференција за програмери WWDC која се одржува Сан Франциско, излегоа дека се вистинити. Тим Кук и екипата од Apple сепак не го претставија она за кое што сите се надеваа, новиот iPhone, но сепак и без тоа на конференцијата се запознавме со многу нови работи.

Притоа од Apple изјавија дека до сега имаат продадено повеќе од 600 милиони iOS уреди – што би значело дека еден iOS уред на секои 11 луѓе на планетата.



Тим Кук на претставувањето изјави дека ова е најголемата промена на iOS од лансирањето на iPhone телефоните. Интерфејсот е целосно променет со рамен изглед кој што ги замени старите текстури со нов минималистички изглед.

iOS 7 донесува многу подобрувања кои ќе им послужат на корисниците како нов изглед на брендот со променети икони и нови елементи на интерфејсот. Сите икони се редизајнирани, а исто така има промени во позадината со различни анимации и 3D ефект. Новиот кориснички интерфејс на Apple реагира на движењата на уредот и создава 3D ефект кој ја движи позадината на екранот како што уредот се движи во раката на корисникот. Резултатот е 3D ефект на корисникот во самото окружување.

Освен новиот дизајн, на конференцијата најмногу внимание се посвети на новите опции кои ги донесува iOS 7 – а една од нив е и контролниот центар преку кој едноставно и брзо ќе можат да се контролираат некои важни опции во телефонот. Подобрен е и мултитаскинг системот, кој ќе може почесто да се ажурира, а притоа нема да ја троши батеријата на телефонот. Значителни надградби има во пребарувачот Safari, но и во апликациите како AirDrop, Face Time Audio, iTunes radio, Аpp store, Siri, во камера и сликите.

Можеби најголемото воодушевување предизвика Mac Pro – новата генерација на десктоп компјутер кој на пазарот треба да се појави кон крајот на годината и за кој од Apple велат дека е револуционерен и радикален. Тој се одликува со напреден хардвер (12 јадрен процесор на Intel кој е двојно побрз и има многу побрза меморија од претходниот модел) и кој, освен што е многу помал од актуелниот модел на Mac Pro, се одликува со фантастичен дизајн.

Новите преносни компјутери на овошната компанија MacBook Air се базирани на новите генерации на Intel Haswell процесори кои се неверојатно штедливи и имаат до 40 отсто побрза графика, а во Apple особено го истакнаа продолженото траење на батериите, до девет часа за моделот со дијагонала на екран од 11 инчи, односно дури дванаесет часа за 13 инчните модели. Почетната цена на 11 инчниот модел со 128 GB SSD изнесува 999 долари, додека почетната цена за 13 инчниот модел е 1099 долари.

Apple синоќа го претстави она што и се очекуваше од повеќето аналитичари, со цел да го „смени“ пазарот. Сепак, експертите велат дека на есен ќе треба да се појават работите кои навистина ќе влијаат на пазарот како новиот iPhone и iPad, можеби iWatch но и телевизорот на Apple.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...