Бесплатни книги на Универзитетите

Универзитетот во Мериленд, САД стартуваше проект кој би можел за секогаш да го измени начинот на кој студентите се подготвуваат за испитите.

Раководството на Универзитетот, стартуваше проект со кој сака со помош на електронскиот open-source учебник да воведе бесплатни материјали за студирање. За разлика од електронските учебници кои разни издавачи ги продаваат по многу високи цени, нивните open-source верзии се во целост бесплатни и не се заштитени со авторски права.

Во изработка на учебниците, освен студентите кои “ловат“ белешки од предавањата учествуваат и професори кои исто така ги даваат своите книги и белешки кои потоа се спојуваат во бесплатен учебник.

Но, не сите професори се расположени за таков вид на соработка, што всушност е и најголемиот проблем при реализација на овој проект. Исто така, проблем претставуваат и приватните книжарници кои имаат вредни договори со универзитетите за продажба на книги и наставен материјал внатре во кругот на универзитетот и кои остро се противат на нелојалната конкуренција. Цените на учебниците пораснале помеѓу 2002 и 2012 година за повеќе од осумдесет проценти. “Овој пораст на цените е апсурден и нема никаква основа“, тврди Џеси Фокс, претседател на студентскиот одбор на Универзитетот во Мериленд. Просечно, студентот троши годишно по 1200 долари само на учебници.

“Со вакви цени, студирањето стана борба за преживување“, тврди Мени Синг, една од студентките на Универзитетот. Таа додава дека би било убаво барем еден семестар да заврши, а да не мора да се снаоѓа како најевтино да ја набавува потребната литература за предавање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...