Предвидување на проблеми со алкохол со помош на компјутер

Когнитивниот неуронаучник Роберт Вхелан, кој е професор на Универзитетот во Даблин, во публикација за Nature објави научен труд во кој опишува функционален начин за предвидување на злоупотреба на алкохол во рана возраст со користење на компјутерски модел.

За компјутерскиот алгоритам да овозможи препознавање на личност која во подоцнежните години ќе има проблем со алкохолот, професорот и неговите колеги го научиле компјутерот како помеѓу младите тинејџери да препознае потенцијален алкохоличар, водејќи се со повеќе од 40 биолошки и социолошки фактори кои ја вклучуваат структурата на мозокот, гените, случувањата од минатото и особините на личноста.

Како пример можеме да наведеме тринаесет годишно момче кое веќе пуши, кај кое поради зависничката личност и семејното влијание, постои голема можност за неколку години да се здобие со опасни навики на редовно консумирање на алкохол.

Вхелан наведува дека компјутерскиот модел во сегашната рана фаза покажал успешност од некои 70%, но треба да му се даде малку повеќе време за да стане посигурен и поточен. За разлика од постоечкиот, неговиот иден компјутерски модел помеѓу дополнителните параметри предвид ќе го има и влијанието на врсниците преку социјалните мрежи, бидејќи тој елемент во почетокот на развојот на оваа студија пред неколку години, немал такви импликации како денес.

Треба да се нагласи дека и самиот професор изразува сомнеж дека компјутерското предвидување за алкохоличари ќе биде 100% сигурно, но ќе ги предупреди родителите и училиштата доколку има потенцијална опасност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...