Мобилна апликација за припејд корисници на Т-Мобиле

Т-Мобиле воведе мобилна апликација - „Телеком МК“ засега наменета за припејд корисниците, која овозможува активирање и користење на многу услуги и поволности и уникатно корисничко искуство.

Со едноставна најава преку My T-Mobile профилот, односно со внесување на мобилниот број и лозинката од профилот, припејд корисниците лесно може да пристапат кон апликацијата. Преку апликацијата корисниците во секое време можат да ја проверат сметката и статусот на нивните активни пакети, да активираат дневни, неделни и месечни пакети за разговори, СМС, интернет, како и бесплатен бонус. Можат едноставно да го променат тарифниот модел, да споделат минути, интернет или кредит со друг припејд корисник.

Преку оваа апликација, има можност и да се поканат пријатели за да се приклучат кон COOL екипата. Достапен e и преглед на поени од Мој Клуб програмата за лојалност, како и локациите на Телеком продавниците. Интернет сообраќајот за Телеком МК е бесплатен преку мрежата на Т-Мобиле. Доколку корисникот нема активирано My T-Mobile прифил, може лесно да го креира преку самата апликација. Засега, апликацијата е достапна за корисниците на Andriod и истата може да ја инсталираат преку Google Play маркетот а во скоро време ќе биде достапна и за iOS и Windows OS платформите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...