Гордиот Македонец во нови музички походи

Интересен е разговорот со млад и талентиран уметник кој со своите 16 години има толку многу што да каже.

Разговаравме со Вејчеслав за неговата музичка кариера и за се она што тој го работи на полето на музиката по нашето интервју пред три години кога од Холивуд се врати со огромен успех и достоинствено промовирање на нашата држава на Светскиот шампионата за изведувачка уметност.

 Го запрашавме Вејчеслав за неговиот музички пат по кој сигурно чекори и дали музиката е неговата животна определба?

-Музиката уште од мал беше мој најголем интерес, а можам да кажам дека ако музиката не ме исполнуваше толку многу со сигурност мој втор избор ќе беше медицината, особено хирургијата многу ме привлекува. Но, изборот без сомнение е направен, јас целосно и се посветив на музиката и се запишав во ДУМБЦ„ Илија Николовски Луј“ во Скопје и сега сум втора година во класата на проф. Александра Коцеска. Толку многу се чувствувам исполнет што училиштето ми претставува целосна релаксација, па така често знам во училиштето да поминам и цел ден до доцна навечер без да го почувствувам времето кога поминало. Имам прекрасни колеги и добри професори кои имаат огромно разбирање и поддршка за сето тоа што јас го
работам.

Што се случува на музички план, до сега те гледавме на многу музички натпревари од каде секогаш се враќаше со освоени први места?

-Настапував на многу музички натпревари во многу држави каде со својот глас успевав да ја импресионирам публиката и да ја претставам мојата земја и секогаш се враќав со освоени први места. Морам да Ви кажам сега дека секогаш бев горд на моите награди, но посебно гордо се чувствував кога ја добив наградата „ 13 Ноември “ на Град Скопје како круна која беше признание за целокупниот мој труд и за се што јас дотогаш имав направено, особено ми е драга бидејќи е од мојата земја и од мојот град. Многу е важно за еден уметник да биде признаен и да биде ценето неговото дело во неговата земја и од неговиот народ, само тогаш имаш поголема сила и поттик да успееш да изградиш светска кариера.


Како Светскиот шампионат на изведувачка уметност во Холивуд и твојот огромен успех таму влијаеше на твојата музичка кариера?

-Морам да кажам дека тоа искуство има големо влијание на мојата музичка кариера и на мене како личност. Требаше да се претставам пред 53 држави во Холивуд, местото каде многумина ќе речат сè започнува. Кога ќе се сетам каков голем предизвик беше тоа за мене…Tаму сфатив дека самодовербата која ја имам во себе е она што ги руши сите препреки кои се појавуваат.

Бев горд на себе и на тоа што успеав да ја промовирам мојата земја, многумина за првпат слушнаа за неа, но ја запознаа во најубаво светло. Учеството на тој шампионат ми ги отвори вратите и ми овозможи да запознам многу луѓе од шоу бизнисот, па така пред неполна година на покана на продуцентот Шел Сонхаим, кој беше член на жирито, бев кај него и заедно снимивме две песни со американски призвук. Tој беше воодушевен од мојот перформанс на натпреварот и после тоа во комуникацијата ми рече дека сум многу талентиран и дека можам едноставно да пеам каква сакам музика . На негов предлог ги снимивме двете песни кои се потврда на неговите зборови. Песните се снимени во студио во Холивуд каде имав можност да го почувствувам нивниот дух на работa. Kрајно професионално работев со вистински луѓе кои беа мајстори во својата работа, целата таа техника и опрема кај мене разбудија потреба да јас навлезам во тие води и да започнам да ја проучувам суштината на музиката со сите нејзини специфичности. Пред мене се отвори широко поле на работа кое како го освојувам така се повеќе ја разбирам неговата бесконечност.


Како се прифатени песните кои ги сними во Холивуд кај нас?

-Песните „ Inoccence " и " Four words" ги промовирав на ТВ екраните и можат да се слушнат на Youtube, но сепак мислам дека слушателите и гледачите што ги имаат слушнато се изненадени од тоа како звучам во поп песни кои се типично американски и мислам дека тоа им е како мала препрека да ме доживеат мене во тој стил, бидејќи кај нас публиката е навикната да те препознава по одреден стил и кога ќе те слушне да пееш нешто друго потешко те прифаќа. Сепак, мислам дека времето кога овие песни ќе ја дочекаат својата вредност допрва доаѓа.

Каква е реакцијата во Холивуд и во тие кругови со кои ти комуницираш по снимањето на песните?

- Имам голема поддршка од стручен аспект од продуцентот, тој верува во мене и смета дека сега е време кога јас самиот треба да си одлучам кои ќе бидат моите приоритети во светот на музиката, бидејќи искрено тоа е голем бизнис во Холивуд и ако се одлучам да се посветам таму на развој на мојата кариера ќе морам да престојувам таму. Поддршка за мојата работа имам и од страна на целиот тим кои го организираат Светскиот шампионат во Холивуд и на нивната web страна може да ме видите во делот на success stories.

Оваа година ти ја сними и твојата прва поп песна на македонски јазик. Како дојде до соработката со проф.Кире Костов и др.Миодраг Врчаковски?

-Со проф. Кире се знаеме многу одамна и тој е човекот кој секогаш ме поддржува и го вреднува мојот квалитет. Тој прв ми ја даде шансата на 10 години да пеам со најпопуларните пејачи од естрадата на неговата композиција „Македонија“ на 20 годишнината од осамостојувањето на Р. Македонија. И сега кога ќе се присетам ми се враќа тоа чувство на гордост и среќа, тоа беше највеличествениот настан организиран кај нас.

Со проф. Кире целосно се разбираме и оваа песна тој ја напиша специјално за мене и она што и двајцата сакаме да го пренесеме со оваа убава и нежна балада е емоцијата која ја има во секој тон од песната. Текстот за песната го напиша др.Миодраг Врчаковски кој веднаш ни ја разбра пораката и текстот целосно се вклопи со идејата.

Деновите го промовираш и видео записот за твојата прва песна, чија беше идејата за спотот?

-Песната ми легна на срце и секоја вечер после напорниот ден се опуштам со звуците на неа. Секој тон кога го свирам ми буди емоција и пред мене се редеа слики кои кога ги склопивме во видео запис се претворија во вистинска приказна од тинејџерски денови, дружењето, првиот копнеж, треперењето на срцето, првите погледи и најсилната емоција која ја буди првата љубов.

Ќе бидам искрен, луѓето од ФАБРИКА продукција, со кои го снимивме спотот, целосно ме поддржаа во мојата идеја за спотот и крајниот продукт е баш ова што сега го гледаме. Целосно сум задоволен од нивната професионалност и нивниот пријателски однос. Имавме прекрасен ден за снимање и без никаков напор, едноставно уживавме во недопрената природа на планината Јасен и езерото Козјак чија убавина е непроценлива.

Како дојде до идејата убавата манекенка Ана Марија да биде девојката во твојата приказна?

Сè се случи многу случајно. Jас бев на училиште и на телефон на еден од порталите ја видов сесијата на Ана Марија која ја има работено со нејзиниот татко, облечена како балерина. Веднаш сфатив дека таа е ликот кој одговара на мојата замислена приказна. Од продукцијата искомуницираа со нејзиното модно студио и така работата беше завршена.

Какво беше твоето прво искуство со снимање на спот?

-Јас веќе имав искуство со снимање. Претходно на покана на режисерот Столе Попов имав улога на пејач на балот на најмасовната сцена од филмот „ До Балчак“ . Сцената ја снимавме цела недела во Битола каде имав можност да се запознам со целата таа магија на снимање филм. Снимањето на мојот видео спот помина без никаков проблем. Ана Марија е крајно професионална и заедно уживавме во снимањето и немавме никаков проблем освен сцените со коњот кои беа потешки и траеја временски подолго.

Каква е реакцијата на публиката, дали очекуваш да ја прифати песната за да живее и биде слушана?

-Многу ми е жал што песната и спотот излегоа во многу лош период. Целата ситуација со забраната за пуштање на македонска музика јас не ја разбирам, не го разбирам фактот што им го ускратуваме задоволството на слушателите и гледачите да уживаат во музиката која единствено може да ги релаксира и оттргне од секојдневните проблеми. За една песна да биде слушана и гледана публиката треба да има можност повеќе пати да ја гледа, на сите телевизии и секојдневно да ја слуша на ради. Само тогаш може да ја доживее и да ја прифати.

Каква порака праќаш со оваа балада?

-Оваа моја песна и спот се надевам дека никој нема да остави рамнодушен и верувам дека на сите млади ќе им поттикне искрени емоции кои се повеќе се потискаат и се третираат како неважни, а сите останати ќе се потсетат на својата младост и ќе уживаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...