„Гответе насмеани“ со минимален труд за максимално задоволство

Секој сон може да се оствари, сè додека верувате во него и сте подготвени да работите на неговата реализација. Затоа осмелете се да сонувате!

Вака го започнуваме разговорот со Давор Панчевски, уште познат и како креатор на Dave’s Kitchen, кој деновиве ќе ја има промоцијата на својот прв готвач. Вкусни семејни јадења, солени инспирации за ручек и вечера, брзи идеи за појадок како и магични десерти  за сечиј вкус, се само дел од рецептите кои што ќе може да се најдат во „Dave’s Kitchen: Гответе насмеани “.

Под мотото „Со минимален труд, до максимално задоволство“, Давор уште еднаш ни покажа дека секогаш постои едноставен начин како да приготвите вкусно домашно јадење.

Поминаа точно две години од нашето последно интервју. Од тогаш, до сега, Dave’s Kitchen прерасна во препознатлив синоним за вкусно готвење. Како гледаш на своите почетоци од денешна перспектива?

-Секој почеток е тежок, но кога нешто претставува голема сатисфакција и самоисполнување, тогаш тежината на работата преминува во ништо друго освен едно големо задоволство. Со голем труд и упорност соништата секогаш се исполнуваат. Еве ме денеска го објавувам мојот прв готвач. Ниту еден почеток не е ни малку лесен, но доколку си поставите цел не постои пречка која ќе ги сопре вашите соништа.

Во изминатиот период направи селекција на најдобрите рецепти што си ги приготвил и ги спакува во твојот прв готвач „Dave’s Kitchen: Гответе насмеани “ кој ќе биде промовиран на 15-ти декември. Дали беше тешко да се направи вистинскиот избор на јадења, а воедно и да се издаде ова првенче?

-Правењето и издавањето на „Гответе насмеани“ траеше нешто повеќе од година и половина. Постојано правев измени сè со цел да направам една колекција на испробани рецепти кои секогаш ќе ви се најдат при рака кога ќе ви биде потребна идеја плус.

Дали беше тешко? Па не баш, иако се си бара свое време и труд, но кога го работите она што го сакате секогаш резултатот ќе биде онаков каков што сте го замислиле. Она што ме прави особено горд при објавувањето на мојот прв готвач е тоа што издавачот, авторот, уредникот на книгата и фотографот на 95% од фотографиите во него сум лично јас. Речиси сите рецепти се фотографирани од мене во домашна атмосфера и во природа, во нашиот убав Охрид. Многумина ми велеа дека овој проект нема да успее, но навистина сум многу благодарен поради тоа што ме одбија и ми дадоа мотив плус, за да ја реализирам мојата замисла.

За „Гответе насмеани“ велиш дека треба да биде најдобриот другар во нашата кујна. Што сè се крие на неговите страници?

-Вкусни семејни јадења, одлични солени инспирации за ручек и вечера, брзи идеи за појадок како и магични десерти кои воодушевуваат. Покрај овие категории додадов и бонус категорија со идеи за тоа како да декорирате една роденденска трпеза и предлог рецепти кои според мене се доволно добри за да донесат едно големо „браво“ од семејството и гостите. Предноста е тоа што покрај тоа што овие рецепти се одлични за да фасцинираат и се наменети за посебни пригоди, воедно тие се и одлична идеја за семејниот неделен ручек.

Она што пленува кај тебе, несомнено е твојот едноставен начин на готвење Од тука и мотото: Со минимален труд, до максимално задоволство. Колку навистина можеме да вложиме малку, а да добиеме многу кога станува збор за храната?

-Неверојатен е фактот што со едноставни состојки можеме да добиеме незаменлив вкус. Сите ние сме робови на брзото темпо на живот кое станува се поактуелно, а го занемаруваме фактот дека треба да се храниме со домашно подготвена храна. Со идеите од „Dave’s Kitchen: Гответе Насмеани“ читателите ќе имаат можност да приготват лесни и брзи рецепти кои се исклучително вкусни.

Фан страната Dave’s Kitchen има голем број на обожаватели, кои често ти пишуваат и будно го следат твоето готвење. Како си задоволен од тоа како те прифаќаат луѓето и дали нивните забелешки и коментари влијаат врз твоето готвење, како и врз тоа кој рецепт ќе го направиш следен?

-Посебно сум горд на тоа што за толку краток период постигнав база на фанови чија бројка изнесува повеќе од 46 илјади. И да, секако дека е важно нивното мислење во моето готвење. Јас сум домашен готвач по хоби, иако многумина мислат дека сум професионален шеф. Само уживам во она што ќе го подготвам и со нетрпение чекам да го споделам со пријателите.

Често добивам препораки што да се подготви следно. Дел од тие идеи сум ги подготвил и претходно, а секако дека дел од идеите ги подготвувам и на барање на фановите.

На своите 24 години имаш сопствен бренд, издаваш книга и стануваш сè попопуларен. Која е најголемата сатисфакција од сето она што го имаш постигнато досега?

-Немам зборови кои ќе можат да го опишат чувството на задоволство. Едноставно уште пред две и пол години мојот сон беше да го споделувам моето знаење околу готвењето. Се чувствувам многу исполнето од она што го правам и секојдневно го создавам. Голема е инспирацијата и мотивацијата од прекрасните пораки кои ги добивам од фановите, убавите желби и честитки за моите достигнувања.

Честопати знаеш да речеш дека твоите рецепти се наменети за сите оние мигови кои ги поминуваме со семејството и најблиските. Колку поддршката на твоето семејство беше важна во текот на овие две години?

-Уште од мал сум навикнат на семејните собири, особено за неделниот ручек. Тоа е нешто што не се пропушта. Сите ние мораме да признаеме дека секогаш добро ни годи една собиранка со семејството или пак со пријателите. Се чувствуваме добро, се смееме си ги кажуваме актуелните случувања, а воедно и уживаме во домашно подготвена храна. Што повеќе би посакале?

Многу е важно да има некој кој ќе ја поддржи твојата идеја без разлика дали тоа се родителите, роднините, пријателите или понекогаш да си бидете поддршка самиот на себе.

И за крај...Што е она што го посакуваш, а се уште не ти се исполнило?

-Премногу сум благодарен за она што го достигнав досега. Пред сè секогаш здравје, бидејќи само така ќе можеме да ги исполниме сите наши соништа, а се друго ќе си дојде. Па, би сакал да ја искористам и оваа можност да ги потсетам сите оние кои имаат соништа, да продолжат да сонуваат бидејќи соништата се тука за да ги оствариме.

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Напис на маица:
- Учете од грешките на вашите родители - користете контрацепција.

* * *
Игорче и мајка му одат на лекар. Додека чекале на ред, Игорче почнал да беснее, да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на студентската...
1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор,...
1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден...
1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој...