Ким Кардашијан предвреме се породи и роди ќерка! Ова е последната вест од кланот Кардашијан која во последните неколку часа беше пренесена од TMZ, Us Weekly и Daily Mail.
Според неколку извори старлетата вчера била пренесена во Cedars-Sinai медицинскиот центар во западен Холивуд каде денес месец дена порано ја родила својата прва ќерка.
-Ким се породи. Се породи 5 недели порано. Вчера вечер и се слоши и го роди детето порано од предвиденото, пишува US Weekly повикувајќи се на болнички извор.
Информациите велат дека Каније Вест веднаш ги откажал сите планови откако дознал дека КК е хоспитализирана и веќе се пораѓа. Иако породувањето е порано од предвиденото како мајката така и ќерката се во добра здравствена состојба.
Кланот Кардашијан сè уште официјално ја нема потврдено веста за породувањето, но тоа не е ништо ново со оглед на тоа дека Крис Џенер секогаш успешно тактизира со информациите со цел нејзините ќерки да добијат поголемо медиумско внимание.