Очајно 8-годишно момче го спасувало татко си од Porsche-то во пламен

  • Се појави фотографија која го прикажува Пол Вокер како го разгледува Porsche-то на својот пријател Роџер Родас само 30-на минути пред заедно да загинат во сообраќајна несреќа.
  • Калифорниската полиција верува дека брзината била фактор за несреќата откако биле пронајдени траги од гума на патот.
  • Возачот на возилото беше поранешниот тркач со автомобил Роџер Родас, долгогодишен пријател на популарниот актер и негов финансиски советник.
  • Tелото на актерот Пол Вокер било толку изгорено што неможе да се идентификува. ТМЗ пишува дека на патолозите им се потребни стоматолошките документи за да го идентификуваат актерот.
  • 40-годишниот актер глуми во пет од шесте продолженија на популарните филмски продолженија Fast and Furious, филмови за илегални трки со автомобили.
  • Вокер пред да се качи во автомобилот присуствувал на добротворен настан за поддршка за жртвите од тајфунот во Филипини, „Reach Out Worldwide“.
  • Настанот бил одржан во продавница за автомобили која се наоѓа близу местото на несреќата.
  • Популарниот актер е татко на Медоу, 15 годишно девојче кое неодамна се преселила во Калифорнија со цел да биде поблиску до татко си и неговата долгогодишна девојка Џасмин Пилчард – Госнел.

Осумгодишниот син на Роџер Родас, возачот на спортскиот автомобил кој беше зад воланот на Porsche-то во кое настрада тој и неговиот пријател, актерот Пол Вокер, прв пристигнал на местото на стравичната несреќа. Додека автомобилот сè уште горел, детето се обидувало од него да го извади својот татко, но за жал, на него му немало спас.



- Ја прескокна оградат и истрча кон автомобилот, се обиде да му пријде и да го извлече татко си, раскажа еден од очевидците на трагичната несреќа во Санта Клара.



Медоу Вокер, ќерката пак на трагично загинатиот холивудски актер, синоќа го отвори своето срце на една друштвена мрежа и напиша дека татко и бил нејзин најголем херој.


- Кога бев мала тој ме научи да одам, ме научи да се смеам, ме научи никогаш да не се откажувам. Го сакав и пред да знам што значи љубов. Тој беше мојот херој. Мојот вистински животен херој! Засекогаш ќе биде во моето срце! Очите ми се полни со солзи додека ова го пишувам. Си замина, но не си заборавен. Почивај во мир тато! – напиша Медоу.



Денеска излезе информација дека поради трагичната смрт на актерот одложено е снимањето на седмото продолжение на филмот Fast and Furious, чија премиера беше најавена за идната година. Како што пренесуваат американските медиуми, за оваа или следната недела биле закажани сцените на Вокер за снимање.

Сепак, за ова се огласија режисерот Џејмс Ван и студиото Universal кои одржаа телефонска седница на која разговарале за иднината на филмскиот проект.



Можно е да има измени на сценариото на начин на кој ќе се одбележи смртта на Вокер. Поголемиот дел од филмот е веќе снимен, а во јануари сите требаше да отпатуваат во Абу Даби за да ги снимат преостанатите сцени, пренесува Hollywood Reporter.



Магазинот Cosmopolitan ја откри сомнителната историја на Porsche-то GT во кое загинаа Пол и Роџер. Автомобилот оригинално бил купен во март 2005-та од Beverly Hills Porsche во Калифорнија. Вториот сопственик го купил автомобилот во 2007-та со поминати само 733 километри, за потоа да го продаде во Тексас, во јануари 2009-та со поминати 2.430 километри. Потоа Porsche-то e продадено во Флорида, па во Индијана, па повторно се враќа во Флорида, за на крај Always Evolving, продавницата за тјунинг на спортски автомобилот на Роџер да го купи минатата пролет.


Ова значи дека од 2005-та автомобилот имал шест сопственици пред да биде купен од Always Evolving за 359 000 долари минатата пролет. Професионален возач за Autoweek изјави дека Porsche-то било „страшно“ за возење дури и за професионалци, а магазинот се согласи и откри дека тие кои го возеле автомобилот рекле дека тој тешко се освојува и се управува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби