Тарантино му ги извади оковите на Џанго

Наслов:
Django Unchained
(Разузданиот Џанго)

Режија/сценарио: Квентин Tарантино

Улоги:
Џејми Фокс, Кристоф Валц, Леонардо ди Каприо, Кери Вашингтон

Жанр:
вестерн

Времетраење: 165 мин.

Година на издавање:
2012-та



Тарантино повторно „чепка“ во историјата. Пред четири години преокупација му беа нацистите од Втората Светска војна, а сега со Django Unchained  тој се врати многу наназад во минатото. Поточно во 19-от век. Сега инспирација за Квентин се робовите во југот на САД, и „Одисејата“ на еден таков роб до жената која ја сака.

Џанго (Џејми Фокс) е напатениот херој во најновата сторија на Квентин. Роб кој уште на почетокот ќе биде ослободен од заробеништво и ќе се здружи со ловецот на глави, Кинг Шулц (Кристоф Валц). Двајцата ќе оформат еден вид на „Буч Касиди и Санденс Кид“ пријателство, и необично бизнис партнерство со убивање на криминалци за пари. Нивниот „бизнис“ но, и потрагата по сопругата на Џанго, Брумхилда (Кери Вашингтон) ќе ги однесе до Кендленд плантажата во Мисисипи, која е во сопственост на харизматичниот психопат Калвин Кенди (Леонардо ди Карпио). Таму работите ќе се искомпликуваат за сите.

Квентин во Django Unchained ги туркал границите на својата имагинација, (дури и и премногу бидејќи филмот трае 165 минути) но, тоа се исплатело бидејќи го создал еден од најдобрите филмови, не само на 2012-та година, туку и на неговата кариера. Можеби го разлути Спајк Ли, но само тој има храброст да направи „шпагети“ вестерн за ослободен роб со лична вендета. Многу критики доби и за употребата на зборот nigger во филмот, за насилството, за расистичките сцени со тортура.... Но, има совршено објаснување за сите нив. Се вика „филм на Квентин Тарантино“. Да тој не е политички коректен. Никогаш не ни бил. Во периодот од дејствието со „N-зборот“ се именувало цело едно опресирано малцинство, и не бил навреда како што е сега. Целото насилство и расизам е за жал, дел од американската историја кој никој не може да го избрише. Тој само тоа го кажува на „тарантиновски“ начин.

Но, да се вратиме на филмот. Одмаздата е честа тема во филмовите на Квентин, а како и во речиси сите претходни филмови и тука зазема централно место во психата на главниот лик. И како и до сега повторно сме сведоци на кич претворен во кул „филмска уметност“, бизарни ликови со одлични реплики и незаборавен микс од музика. Каде на друго место во филм за робови од 19-ти век ќе слушнете на едно место песни од Тупак, Џејмс Браун и Бетовен? Каде на друго место ќе видите жена роб по име Брумхилда која зборува германски?

Кристоф Валц, откритието на Тарантино од Ingloriоus Bastаrds е повторно маестрален како екс- докторот Шулц. Слаткоречив господин со брз ум и уште побрз пиштол, Шулц за Џанго не е само колега. Тој е и пријател, советник, тутор и заштитник. Нема да биде изненадување ако во февруари ја освои втората златна статуетка, но изненадување беше игнорирањето на Ди Каприо во номинациите за Оскар. Оваа улога е голем ризик за актерот бидејќи е преседан во неговата кариера, а тој ја доведува до совршенство. Лео е застрашувачки добар како Кенди, сопственикот на плантажа кој организира борби до смрт со робовите, и за жал неправедно запоставен (како и многу пати до сега). Во камео улоги имаме можност да ги видиме и Франко Неро (оригиналниот Џанго од 1966-та), Џона Хил па дури и самиот Тарантино кои како и секогаш се одлични.

Хуморот и интелегенцијата на Тарантино се неговото најсилно оружје. Еве ќе земеме една од сцените во филмот. Група од Кју Клус Клан припадници цели 5 минути се расправаат за дупките на белите вреќи врз главата, пред да ги нападнат Џанго и Шулц. Да беше сцената во филм на било кој друг режисер, ќе го прогласеа за расист. Квентин е само смешен.

Од технички аспект, Django Unchained е мајсторски направен. Можеби подобар од претходникот, со брилјантно доловени кадри, прекрасен избор на локации и одлична продукција. Најновото ремек дело на Тарантино не смее да се пропушти. 

Django Unchained (Разузданиот Цанго)игра од четврток до недела во 11:20, 14:30, 17:40, 19:40, 20:45 и 22:00 и од понеделник до среда во 14:30, 17:40, 19:40, 20:45 и 22:00, a тука можете он-лајн да ги резервирате вашите влезници. Доколку сакате да го видите целиот репертоар на киното и кои филмови играат оваа недела кликнете тука.

С.Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби