Почина легендарната Габи Новак

Познатата хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст.



Откако на 17 август 2015 година го загуби сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор со кого помина повеќе од четири децении во брак, Габи Новак на почетокот на јуни оваа година се соочи со уште една тешка лична трагедија – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб, на 52-годишна возраст.

Габи Новак е родена на 8 јули 1936 година во Берлин. Детството го поминала во Берлин, а потоа на Хвар, по што се преселила во Загреб. Таму ја завршила Школата за применета уметност.

Кон крајот на 1950-тите почнала да настапува, а нејзиниот препознатлив глас брзо ја направил една од најомилените пејачки на тогашната југословенска музичка сцена. Нејзиниот репертоар опфаќал поп и џез, а уште за време на 1960-тите стекнала голема популарност и признанија од критиката.

За време на богатата кариера снимила низа албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари.

Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, вклучувајќи повеќе „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп-албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година го добила и „Порин“ за животно дело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби