Cool Runnings- две декади подоцна

Репрезентацијата на Јамајка, во 1988-ма година направи вистинска сензација со тоа што се квалификува на ЗОИ во Калгари и тоа во дисциплината боб-санкање. Оваа карибска држава има просечна температура од 27 степени целзиусови, и поголемиот дел од населениот никогаш не виделе снег, но сега по пауза од ЗОИ во Солт Лејк Сити, Јамајка повторно се квалификува во боб санкање и тоа на ЗОИ во Сочи.

И покрај тоа што настапот на Јамајка е ставен под знак прашалник поради немањето средства да допатуваат до Русија, нова генерација на спортисти повторно инспирира со упорноста и спортскиот дух.

За настапот на Јамајка на ЗОИ во Калгари 1988-ма година беше снимен и холивудски филм наречен Cool Runnings, и на повеќе од 2 декади подоцна да се потсетиме на одличниот филм, но и да ги корегираме работите кои беа ставени во филмот за драматичен ефект.

Во филмот Ирвин Блицер (игран од Џон Кенди) беше единствениот тренер на Јамајка во боб санкање. Всушност селекцијта имала повеќе тренери, но ниту еден не бил инволвиран во скандал со „мамење“ како што беше прикажано во филмот. Кога филмот бил сниман, САД немале освоено златен медал на ЗОИ од 1948-ма година.

Во филмот боб тимот бил составен од спринтери кои не успеале да се квалификуваат на ЛОИ. Всушност ЛОИ биле по зимските, а не обратно.



Не постоел анимозитет помеѓу Јамајка и останатите репрезентации (како што беше кажано во филмот). Напротив дел од репрезентациите им позајмиле санки на Јамајка за дебитатните да можат да ги извозат квалификациите.



Во филмот, сударот на Јамајка е предизвикан од механичка грешка на боб-санката. Во реалноста, неуспехот на Јамајка бил препишан на недоволното искуство на возачот како и на преголемата и неприлагодена брзина. Но, снимката од вистинската несреќа е употребена и во филмот.



Cool Runnings заработил на 150 милиони долари (а имал буџет од само 14 милиони долари).



Џон Кенди, актерот кој го портретираше тренерот на Јамајканците, Ирвин Блицер почина од срцев удар една година по премиерата на филмот. Тој имаше само 43 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...