ОД СВОЕ ЌОШЕ

Проевропски банкар победи во Франција, а не неговата 24-години постара жена

Во неделата и официјално беше избран 39-годишниот Емануел Макрон за претседател на Франција. Тој е економист, кој силно ја подржува Европската унија и се стреми кон нејзино поефикасно функционирање, залагајќи се кон зајакнување на врските со Германија, најголемата економска сила во Еврозоната.

И додека европските лидери се мошне среќни и задоволни со овој избор, а честитките од светските претседатели не престануваат да пристигнуваат, Македончето се ориентира на годините на неговата сопруга. За нив не се важни ветувањата на овој сега веќе претседател, ниту пак што мисли тој за нашата земја и дали може да ни помогне при преговорите за влегување во ЕУ, туку многу поважна е Брижит.

- Како бре дете успеа да те прелага учителката?



Можеби ова е најдобриот коментар меѓу многуте („Бабетина“, „Педофил“, „А мајка ти стара е?“) кои го отсликуваат гласот на нашиот народ. Не знам веќе дали именката „народ“ добро нѐ опишува, можеби „малограѓанштина“ е подобар збор за тоа. Нашите проблеми си ги решивме, па сега е време да се замараме за нешто повеќе, а жената на Макрон, Брижит, ни дојде како кец на десетка!

Со овие наши коментари се гледа дека ние не сме за Европа. Па кога ќе влеземе во таа зона, па кога ќе ги видиме сите помлади или постари партнери, па кога ќе забележиме дека во Унијата има секакви националности и вери, нас ќе нѐ прогласат за жута штампа. Ама да гледаме од ведрата страна, можеби токму тоа и треба на ЕУ, они до сега го немале тоа, не се замарале за животите на другите, туку за тоа како може една земја да придонесе за развојот на Унијата. Како да сме на некој натпревар кој ќе напише позлобен коментар за староста на Брижит. Сите гледаат напред, ние копаме по туѓи животи.



Ајде да погледнеме од другата страна. Што ќе кажевте ако Брижит беше 24 години помлада? Тогаш ќе го величавте и ќе го правевте мачомен, кој знае со која треба да се ожени. Токму Доналд Трамп, кој има 70 години, е земен со 24 години помлада сопруга. Но, за жал Макрон немал таква среќа, па сега е бебуш и лигуш кој трча по една бабетина.

Ех Македонци, секогаш проблемите на другите се поинтересни за решавање отколку вашите. Нека си постојат тие уште под чергичето, нека почекаат додека ние да решиме што ќе биде со Брижит и Емануел, не се брзаме никаде. Па потоа ќе се појави нешто друго и така до недоглед. Дур да се свестите, ви поминал животот во оговарање на туѓи животи, а вие што сте постигнале? Апсолутно ништо! Свестете се на време, за еден ден да не биде предоцна, бидејќи кучињата лаат – караванот си врви!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби