Светски баскери на македонски улици – кој сè ќе биде дел од караванот Баскерфест 2025?

Дел од најбараните артисти, најгледаните шоу-програми со највпечатливите точки од фестивалите на уличната уметност ќе бидат дел од јубилејното 15. издание на Баскерфест 2025.

Оваа селекција на уметници кои настапуваат ширум Европа и светот, од 25 август до 6 септември ќе се претстават на македонската публика, во рамки на највеселиот уличен, уметнички караван кој ќе помине низ 9 градови, а ќе настапува на 13 локации, на уличните сцени кои не познаваат граници, јазици и различности. Низ плоштадите и улиците ќе настапуваат акробати, жонглери, улични музичари, илузионисти и кловнови, секој со своите уникатни приказни и вештини.

Публиката без здив ќе ја остави Plucie Ogniem од Полска кој доаѓа со својот огнен спектакл, точка со вештини со пламени јажиња, жонглирање и спектакуларно финале со долго и континуирано „фрлање оган од уста“, ретка техника што гарантира возбуда и фотографии што ќе се паметат.

Од Чиле пристигнува Hiram Meza, артист кој одлично ги спојува циркуските елементи, театарот и жонглирањето во енергичен и креативен настап што рефлектира долгогодишна посветеност на уличната уметност.



Комичен настап на уницикл ќе ни донесе Mr. Mostacho, кој е циркуски артист со богата историја на улични настапи, чија точка „Equilibrium“ ветува многу смеа и изненадувања.

Од Бразил, за првпат на Баскерфест, доаѓа и Edu Boneco, заедно со неговите кукли Carolina и Maria Beijoqueira, со кои настапува ширум светот. Со огромна публика на Instagram и TikTok, тој претставува нова генерација на уметници што носи неверојатно шоу и хумор за публиката.

Канадскиот балон артист Sean Rooney ќе донесе живописни бои, форми и скулптури од балони, кои живеат и се менуваат во рацете на мајстор кој цел живот му го посветил на изненадување на публиката.



Меѓу артистите на овогодишниот Баскерфест е и домашниот артист Кристијан Бенито, добро познат на македонската улична сцена кој ќе настапи со својот препознатлив стил и интеракција со публиката.

А, „The Beat KillersAcademy од соседна Албанија, преку танц и сценски движења ќе внесат позитивна и фестивалска енергија, како и двете статуи од Србија – актери и перформери.

Фестивалот започнува на 25 август со првото шоу во скопската општина Кисела Вода, каде што и официјално ќе биде означен почетокот на Баскерфест 2025. Во наредните денови ќе се патува низ девет градови и тринаесет локации низ Македонија, вклучувајќи ги Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Гевгелија, како и скопските општини Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба.

Секоја фестивалска вечер, под мотото „Побарај ја забавата“ – Баскерфест 2025, со гаранција ќе донесе многу емоции, смеа, изненадувања и моменти на спонтаност и интеракција меѓу уметниците и публиката кои остануваат во трајно сеќавање на сите кои ќе бидат дел од овој незаборавен уличен спектакл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1784.- На островот Кодијак, на Алјаска формирана...
1867.- Роден е Џон Голсфорди, англиски писател,...
1909.- Во Солун е извршен втор неуспешен обид за...
1915.- Во селото Никифорово, гостиварско, е...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби