Летен базар „Сè за одмор“: Три денови посветени на занаетчиството, патувањата и локалното творештво

Од 25 до 27 јули, на приземјето на Скопје Сити Мол, ќе се одржи тридневен летен базар „Сè за одмор“, на кој ќе учествуваат 20 современи македонски занаетчии. Настанот е дел од сезонската програма посветена за поддршка на локалната креативна сцена и го означува почетокот на вториот дел од летото – период кога повеќето се подготвуваат за одмор и патувања.



Во текот на трите денови, посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени производи со внимателно курирана летна тематика – од уникатни модни додатоци, природна козметика за нега по изложеност на сонце, до практични аксесоари за патување. За посетителите ќе бидат изложени и накит со летна и колоритна приказна, рачно плетени шапки и чанти, летни ароматични свеќи, аксесоари за миленици, како и козметички сетови и предмети во „travel-friendly“ пакувања.

Учесници на базарот ќе бидат: Игнеа козметика, Апи Козметика, Pika.Jesmonite, Лавита Агро, ByMimiCosmetics, NallaThePittieShop, Јуник Корнер, Carino handmade gifts and accessories, Coral Jewelry, Zen.Zeal, Матројшка бренд, Шарено ќоше, Kреативно студио Алегра, Small peace of joy, Marcy's handmade, Solar Creations, Filigree LARGO, Добро ми стои, Crochet by Fosi и Nebula jewelry.

Скопје Сити Мол како општествено одговорна компанија, активно го поддржува локалното занаетчиство и независните творци. Базарот има за цел да ги промовира и да ги истакне вредностите на рачната изработка, оригиналноста и личната приказна зад секој производ. Организаторите ја нагласуваат важноста за создавање платформа на малите производители, со што се поттикнува развојот на домашната креативна сцена, како и градење свест кај потрошувачите за вредноста на уникатните, квалитетни и одржливи производи.

Настанот е отворен за посетителите во текот на сите три денови и ќе се одржува на најфрекфетната локација на приземјето од Скопје Сити Мол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Што им прави Кина на земјите што го признаваат Тајван?
- Џипсо ги прави.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот...
1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре...
1536.- Со одлука на Парламентот во Англија е...
1610.- Умре италијанскиот сликар Микеланџело...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби