Почина Ден Ривера истражувач на паранормалното и чувар на куклата „Анабел“

Ден Ривера, познат американски истражувач на паранормалноста, почина на 13 јули во хотел во Гетисбург, Пенсилванија, САД. Тој беше и чувар на (не)славната, наводно опседната кукла „Анабел“. Имаше 54 години.



Ривера беше долгогодишен главен истражувач на престижното „Друштво за психички испитувања на Нова Англија“ (НЕСПР), и наследник на починатите, но познати „ловци на духови“, Ед и Лорејн Ворен - токму оние кои, според урбаните преданија - биле првите што ја идентификувале „Анабел“ како натприродна „злонамерна сила“. НЕСПР ја потврди смртта на својот истражувач, опишувајќи го како „пријател, партнер и исклучителен едукатор“. Во мигот на смртта, Ривера бил во Гетисбург како дел од тимот што ѝ ја покажувал озлогласената кукла на јавноста.

Според весникот „Evening Sun”, службите за итни случаи одговориле на повик од хотелот, каде што човекот бил реанимиран, но без успех. Причината за смртта сè уште не е соопштена.

-Скршени сме и сè уште се обидуваме да се помириме со оваа загуба. Ден веруваше во споделувањето на своите искуства и едуцирањето на јавноста за паранормалното. Неговата љубезност и страст ги допреа сите што го познаваа, се вели во објавата на НЕСПР.

Според официјалната биографија на НЕСПР, Ривера е роден и израснат во Бриџпорт, Конектикат и служел во американската армија. Тој влегол во светот на паранормалното како дете, кога наводно бил сведок на необјаснив феномен во својот дом.



Куклата „Анабел“ - многумина би ја нарекле обична парталава кукла, првпат стана предмет на истражување во 1968 година кога ученичка ја добила играчката како подарок. Наскоро, таа и нејзината цимерка наводно почнале да забележуваат необични феномени во станот. Ед и Лорејн Ворен утврдиле дека куклата наводно не е дух на девојче, туку демон. Според раскажувањата, ја изнеле од станот и ја ставиле во стаклена кутија.

Приказната за „Анабел“ е основа и за серијалот хорор-филмови „Повикување“ (The Conjuring), а токму Ривера ѝ помогна на „турнејата со куклата“ да добие нова популарност последниве години преку свои видеа на „Тикток“ коишто имаат милиони прегледи. Тој беше и соработник-консултант за продукцијата на серијата „28 дена опседнати“ (28 Days Haunted) на „Нетфликс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Што им прави Кина на земјите што го признаваат Тајван?
- Џипсо ги прави.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот...
1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре...
1536.- Со одлука на Парламентот во Англија е...
1610.- Умре италијанскиот сликар Микеланџело...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби