Кога станува збор за фотографии на Instagram, веќе е скоро невозможно да разликуваме лажно од реално.
Дури и кога помисливме дека имаме цврста контрола врз реалноста, но моделот на Instagram Шуду ги подели мислењата на светот.
A post shared by Shudu Gram (@shudu.gram) on
Шуду има беспрекорно темна кожа, а нејзината убавина е впечатлива и бескрајно совршена. И ако помисливте дека таа е реална, погрешивте.
Моделот е креација на фотографот Камерон Џејмс Вилсон.
-За жал таа не е вистински модел, но претставува многу модели на денешното време. Постои еден вид на движење со модели кои имаат темна кожа, па таа е нивни претставник, изјави фотографот.
Убавината на Шуду била инспирирана од куклата Барби наречена принцеза од Јужна Африка.
-Како фотограф постојано сум принуден да работам со различни луѓе. Реални луѓе беа дел од инспирацијата за неа. Крајот на денот е дел кога јас ја покажувам мојата креативност, но тоа не е обид да се замени некого. Таа се обидува да ги надополни луѓето. Постои мал број на луѓе кои сметаат дека мојата работа е нешто негативно, но повеќето ја разбираат мојата работа. Јас сум само креативна личност и таа за мене е најубавата жена на светот, дополни Вилсон.
Шуду не е единствениот компјутерски дизајниран модел, Микела има повеќе од 560 000 следбеници на Instagram, а малкумина знаат дека таа не е реална личност.