Ако сам не си го цениш трудот, верувај дека никој друг нема да го цени!

Велат во животот ништо не можеш да направиш без среќа, љубов и здравје. До некаде држи вода муабетов, но не потполно.

Финансиите биле на последно место. Но, кој го кажал тоа? Некој олигарх кој постојано седи по кафиња и ги труе сите дека не е се во парите, но ужива во животот?

Според мене сè е тоа поврзано...Ако немаш финансии не можеш да имаш здравје, затоа што никој во болница нема да ти рече болен си? Влези да те прегледаме пред да платиш партиципација за тоа, ниту пак во аптека ќе ти дадат лекови без да им платиш.

Со среќата и љубовта е поедноставно додуша, пружената љубов од некој не може да ја заменат ниедни пари на светот. Но, сепак сметам дека и за малите чинови да се покаже на некој дека ти значи, со купување на обична шеќерна волна, потребни се парични средства.

Не е среќа што имаш деца кога срцето ти се крши на парчиња затоа што не можеш да си дозволиш да им купиш едно чоколадо од најевтините. За убавината на имањето деца не зборувам затоа што сите знаеме колку тоа е непроценливо.

Не е сè во парите, но не е и дека немаат важност како останатите вредности.

Седам пред некој ден и читам на социјалните мрежи став на девојка која објаснува како се возела со автобус и слушнала жена која рекла дека нејзиното дете не работи за бедни 12 000. Оваа пак станала и објаснила како со завршен факултет работи за истите пари. Подолу читам коментари како таа е херој, а детево е неблагодарно.

Ајде сега да ги погледнеме работите реално. За дете 12 000, да тоа се доволно пари. Нема трошоци од типот на сметки за вода, струја, кабловска или кирија. Може да си дозволи да си купи со тие пари облека и храна. Но, што ќе се прави кога тоа дете ќе порасне и ќе оформи семејство? Дали 12 000 ќе му стигнат за сите давачки кои ќе ги има?


 
Можеби ќе помислите дека сум полудел или во најдобар случај дека сум неблагодарен и алчен за пари. Но, тоа дете за мене е херој.

Си го цени својот труд, за разлика од девојката која со факултет се задоволила со минимална плата која може во секој приватен сектор да ја добие.
Не дозволува работодавците да си поигруваат со него и да го натераат да работи дури и она за што не е платен за бедни пари.

Исто така прочитав коментар од типот дека треба да се приземји и дека треба да знае дека толку е платата на сите, таква е политиката на земјата. Црно е црно, бело е бело. И порано работеле за истите пари.

Да, работеле,  но куповната моќ била поголема. И самите викате дека за една илјадарка порано се купувало полна кошничка производи, а сега само неколку.

Се делеа и совети од типот веднаш сака да земе плата од 30 000, потруди се, покажи се и ќе имаш. Но, не е така во реалноста... И сум се трудел и сум се покажувал пред некои работодавци. Сум работел двојно за да ме унапредат, а место тоа го отпуштија  мојот колега и работев за истата сума за две работни позиции.

Економскиот стандард го прави самиот човек. Ако недостига работен труд во земјата ќе биде поплатен. Ако работниците не се задоволуваат со понудените услови, а работодавецот итно има потреба од кадар ќе биде принуден да ги подобри условите.
Но, кога има овци кои работат и за пониска сума од дадената, зошто да нема и некој кој ќе ги стрижи?!

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби