Колку храброст е потребна за да се побараат пари од родител?

Свесни сме дека живееме во свет во кој сиромаштијата преовладува и со нејзината моќ постепено ја цеди нашата сила и не претвора во вистински зомбиња.

Погледнете наоколу вас, во автобус, по улиците, низ парковите...Насекаде замислени ликови. Опседнати со едно прашање.



Иако сум студент кој воедно и работи за да си ги плати студиите и јас имам свои потреби за кои моите парични средства не се доволни. Седам и размислувам на кој да му се обратам и од кој да позајмам барем една илјадарка за да купам книга која упорно е барана од мене...Нели професорите ги пишуваат и без нив е „невозможно“ да се научи, а не дај боже со копија да отидеш да полагаш можеш и тужба за кршење авторско право да добиеш иако целта ти била да научиш, а астрономските цени не можеш да си ги дозволиш.

Нејсе, тоа не е муабетот. Прв на памет ми падна татко ми. Без да ми одговори знам дека нема и ќе треба да одвои голем дел од планираните пари за прехрана за нашето семејство кои и со таа илјадарка тешко го поминуваат месецот.

Го држам телефонот плашливо додека го слушам неговиот глас. Знам дека тагата преовладува во него, срамејќи се дека потребните пари не ми ги обезбедил, а не дека не сакал. И тој сака неговото дете да не се соочува со проблемите кој тој ги имал. Разбирам се. Возрасен сум веќе. Треба сам да заработувам, да помагам да бидам самостоен. Тоа е целта на полнолетството нели? Да застанеш сам на нозе без ничија помош.

Барем така е на запад. Нормално е да се има свој стан, свои примања на тие години. Сигурно сега ќе помислите дека во ваква ситуација се наоѓам поради долговите кои ги имам, но не..Немам ниту еден долг и да, толку многу штедам што со месеци не сум излегол да се забавувам, цигари и алкохол не внесувам, купувам просечна храна и не одам на кафиња како сите мои врсници. Сепак, и заштедите не се доволни за да ги покријам сите трошоци кои ме потопуваат. Одеднаш го слушам татко ми повторно.



-Сине, ме слушаш? Ти требаше нешто...Кажи тато.
-Да...тато, мислев 100 денари да не имаш да ми дадеш? Ми недостигаат уште толку да докупам книгите, тивко реков.

Не, не направив грешка. Знам дека недостига уште една нула на сумата која ми е потребна. Но, мене храброста ми дозволи да побарам само толку. 1000 денари без една нула.

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби