Чудни фобии кои не сте знаеле дека постојат

Фобијата е ирационална реакција на одредени предмети или ситуации, од кои повеќето имаме слушнато за арахнофобијата (страв од пајаци), агорафобијата (страв од отворен простор), клаустрофобија (страв од затворен простор), акрофобијата (страв од височина) и др.

Меѓутоа, постојат фобии кои ретко кој ги спомнува и се навистина чудни, како што се:

1) Арахибутирофобија – страв од лепење на путер од кикирики на горниот дел од устата

Некои од луѓето кои ја имаат оваа фобија можат да јадат само малечки количини путер од кикирики, додека некои пак целосно ги избегнуваат ваквите продукти (како сладоледи и разни намази). Фобијата може да се појави независно или пак да е поврзана со друга фобија како што е стравот од лепливи текстури или од придавување.

2) Алиумфобија – страв од лук



Луѓето со оваа фобија може да почнат да се тресат или гушат кога се во близина на лук или слични продукти со силен мирис како кромидот.

3) Фобофобија – страв од имање фобии



За жал, луѓето со оваа состојба водат однапред изгубена битка: страв да не добијат некоја фобијa, што ги става во безизлезна ситуација бидејќи „синџирот“ на фобии не може да се прекине.

4) Аблутофобија – страв од капење и чистење



Оваа фобија е почеста кај жените и децата отколку кај мажите, а вообичаено потекнува од трауматично минато искуство и може да доведе до социјална изолација.

5) Декстрофобија – страв од објекти кои се наоѓаат на десната страна



Поради оваа форма на опсесивно-компулсивно пореметување, некои луѓе не можат да поднесат некој објект да се наоѓа од десната страна на нивното тело, што значително го отежнува, на пример, возењето. Левофобија, пак, е страв од објекти на левата страна.

6) Сидерофобија – страв од ѕвезди



Не секој ужива да гледа во ѕвезденото небо. Оние со сидерофобија тоа го избегуваат за да не ги совлада чувството колку огромен е Универзумот и колку истиот не може да се контролира.

7) Плутофобија – страв од пари



Ова е една чудна фобија која може да се манифестира на неколку начини: како страв од самите пари, страв од шанса за збогатување или пак од богати луѓе.

8) Гелиофобија – страв од смеење



Оние со оваа фобија кога гледаат/слушаат некој како се смее може да се чувствуваат нелагодно, па дури и да хипервентилираат. Гелотофобија, пак, е слична фобија која претставува страв од некој друг да ни се смее на нас.

9) Омфалофобија – страв од папок



Омфалофобите избегуваат да си го допрат сопствениот папок (дури и при капење) и често си го покриваат со фластер или избегнуваат места како плажи или базени, каде може да видат папоци.

10) Елеутерофобија – страв од слобода



Луѓето со страв од слобода генерално не можат ништо да направат без некој да им даде наредба, бидејќи се плашат од зголемената одговорност која доаѓа со повеќе слобода.

11) Аурофобија – страв од злато



Ново златно ланче или прстен нема да импресионира секого, особено не оние кои имаат аурофобија, бидејќи гледањето злато може да им предизвика потење, лошење, или пак тахикардија.

12) Калигинефобија – страв од убави жени



Познат и како венустрафобија, стравот од убави жени ја надминува нервозата или заплашувањето кога некоја таква се наоѓа во близина. Оние со оваа фобија чувствуваат болки во градите, вкочанетост на екстремитетите, па дури и се онесвестуваат кога се во присуство на убава жена.

13) Генуфобија – страв од колена



Луѓето со оваа фобија никогаш не носат кратка облека на нозете и избегнуваат места каде луѓето се со „изложени“ колена.

14) Неофобија – страв од нови предмети и искуства



Повеќето неофоби чувствуваат анксиозност поврзана со поголеми промени во животот, но оние кај кои фобијата е сериозна истото го чувствуваат и за најмали работи, како што е менувањето на долниот веш.

15) Погонофобија – страв од бради



Доколку некое дете се плаши од Дедо Мраз, тоа можеби не е поради тоа што се работи за непозната личност која чудно и изгледа, туку е знак на погонофобија, односно страв од бради.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби