Како денес би изгледале 7-те светски чуда на Античкиот свет

Големата пирамида во Гиза е единствено од „7-те светски чуда на Античкиот свет“ кое и ден денeс постои и е најстаро од сите од нив. Иако останатите 6 повеќе не постојат, еве како тие би изгледале денес доколку не биле воопшто оштетени, според тим истражувачи кои собирале информации за секое „чудо“ (неговата локација, историските описи, релевантните градежни материјали, димензии и сл.) и два архитекти кои истите ги рекреирале како компјутерски 3D модели.

1) Колосот на Родос



Колосот на Родос бил 32 метарска бронзена статуа на богот на Сонцето, Хелиос, изградена врз два пиедестали високи 15 метри во пристаништето во Родос, во спомен на опсадата на родос (305-304 п.н.е). Се смета дека бродовите кои влегувале во пристаништето морале да поминат низ неговите нозе, но повеќето историчари сметаат дека тоа е мит. Статуата била уништена во 226 п.н.е во земјотрес.

2) Висечките градини во Вавилон



Ова е едно од најмистериозните светски чуда бидејќи никој не сигурен за нивната точна локација. Нема вавилонски текстови кои овие градини ги споменуваат, ниту пак дефинитивни археолошки докази за нивното постоење. Некои сметаат дека се работи само за имагинација на античките патувачки писатели, додека пак други сугерираат дека тие се наоѓаат некаде во денешен Ирак.

3) Големата пирамида во Гиза



Веќе 4500 години оваа структура претставува една од најубавите глетки во светот. Откако нејзината конструкција завршила околу 2560 п.н.е, Големата пирамида била највисоката структура изградена од луѓе 3800 години – се до комплетирањето на катедралата Линколн во 1311. Во нејзиното оригинално издание, на врвот бил ставен специјален блок покриен со сјаен метал, додека пак ѕидовите биле прекриени со мазен бел варовник од каменоломите на Нил.

4) Светилникот во Александрија



Изграден некаде помеѓу 284 и 246 п.н.е, рушевините на овој светилник биле откриени во 1904. Тој најверојатно бил висок до 135 метри

5) Мавзолејот во Халикарнас



Ова бил надгробен споменик на каријскиот крал Мавсол, кој бил срушен во земјотресите кои се случувале од 12-ти до 15-ти век. Мавзолејот се наоѓа во градот Бодрум (во старогрчка доба Халикарнас), на брегот на Егејското Море, во југозападниот дел на денешна Турција.

6) Статуата на Зевс во Олимпија



Оваа статуа посветена на Зевс, врховниот бог на старите Грци, во која чест се одржувале Олимписките игри, се наоѓала на самата планина Олимп по која и игрите го добиле називот. Била висока 13 метри, прекриена со злато и слонова коска. Во 492-рата, статуата и храмот во кој била поставена биле уништени во пожар.

7) Храмот на Артемида во Ефес



Овој храм од кој денес може да се видат само остатоците од темелите се наоѓал на околу 50 километри од денешниот турски град Измир, а бил граден и уништуван 3 пати во временски период од 7 векови. Првиот пат бил уништен од Херостратус кој во намера да се прослави и неговото име да влезе во историјата, го запалил, за потоа да биде реконструиран и уништен од Готите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби