Подобро почесто проветрувајте отколку да чувате растенија во саксија

Во 1989-та, NASA ја направила позната „студија за чист воздух“ за да види дали вообичаените домашни растенија би можеле да го прочистат воздухот во затворените простории, преку отстранување на токсини покрај апсорбирањето на јаглерод диоксид и ослободување на кислород и истата се покажала како успешна.

Сега, ново истражување сугерира дека способноста на ваквите растенија да го подобрат квалитетот на воздухот во домовите или канцелариите воопшто не е толку голема колку што тоа порано се мислело.



Истражувачите од универзитетот Дрексел откриле дека природната вентилација на затворени простории ја разредува концентрацијата на потенцијално штетните загадувачи на воздухот многу побрзо отколку што билките се способни да ги екстрахираат.

Она што студијата на NASA, но и многу други го направиле погрешно, е што експериментите ги извеле во затворени комори во лаборатории, кои воопшто не ги земаат во предвид и не ги имитираат многу од факторите кои влијаат на резултатот во затворените простории.

Тимот истражувачи анализирал бројни студии и по извршените пресметки дошол до заклучок дека, на пример, во една малa канцеларија би требало да има некаде помеѓу 100 до 1000 растенија за воздухот да се прочисти исто како со вентилација на просторот, при што воздухот од целата просторија се менува за еден час.

За да се разберат ефектите на загадувањето на воздухот во затворените простории, тие треба да се поделат во 3 категории. Во првата спаѓаат испарливи органски соединенија, кои се молекули на гас емитирани од многу извори како продукти за чистење, градежни материјали и слично, кои имаат тенденција да опстојуваат во самиот воздух.

Втората категорија се полу-испарливи органски соединенија кои ги има во пестициди, ретарданти на пламен или пластификатори – овие се често „лепливи“ и се задржуваат на површини во затворените простори каде може да опстојат со месеци или години.

Третата категорија се честичките кои можат да бидат цврсти или течни и да лебдат во воздухот. Овие загадувачи се поврзани со астма, алергиски реакции, иритација и останати респираторни заболувања.

Според истражувачите, најдобар начин за редуцирање на сите овие штетни материи во домот или канцеларијата е редовната вентилација на просторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби